Демократски избори посакува и се разбира треба да има секое едно општество. Се надевам дека денешниве избори и кај нас ќе поминат во демократска атмосфера, без и било какви инциденти, притисоци, закани или некакви други активности, со што во прашање биде се довела регуларноста на изборите, и со тоа испрати лоша слика за нашава држава во Европа и пошироко.

Како и секој еден граѓани,така и јас лично сметам дека, сё треба да помине во најдобар ред онака како што доликува, и се разбира притоа да ги повикам граѓаните да излезат на гласање и искористат своето демократско право на глас- изјави на кратко г-динот Фијат Цаноски претседател на Партијата за Европска Иднина (ПЕИ).

Инаку своето право на глас, Цаноски  го оствари заедно со  членовите на  неговото потесно семејство  во избирачкото место 1846/1 Во основното Училиште Јосип Броз Тито во Струга.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here