Очекувам денешниве избори да поминат во фер и демократска атмосфера, како кај нас, така и кај околните населби,без инциденти, притисоци, закани или нешто слично со што во прашање би ја довеле регуларноста на изборите, односно денешново гласање.
Исто така ги повикувам жителите на нашиве населби да излезат на гласање, и искористат своето демократско право на глас, покрај тоа истотото би сакал да им го пренесам и на оние жители кои сеуште размислуваат дали да излезат или не на гласање, накратко ни изјави кандидатот за пратеник во Македонскиот парламент од редовите нан Партијата за Европска Иднина (ПЕИ) и коалицијата за Живот во Македонија – г-динот Алија Камбероски.
Инаку г-динот Камбероски денес гласаше во населба Лабуништа, избирачко место 1906/1.










