Многу ми е жал што моментално немаме соодветна просторија да сите овие наши сограѓани кои вечерва дојдоа да нё посетат и слушнат нашето излагање , за моменталната политичка ситуација во нашава држава, и се разбира она најважното за она за што се залагаме, состојбата на нашиот народ во овие наши краишта, да бидат внатре заедно со нас во оваа просторија.

Сепак би сакал и да им се заблагодарам дека и покрај студеното време дел од нив останаа надвор и со тоа на некој уште еднаш потврдат дека сепак ПЕИ сеуште ја има довербата од Подгорчани, ова беа првите зборови на претседателот на Партијата за Европска Иднина, г-дин Фијат Цаноски.

На самиот почеток од средбата, добредојде на сите присутни им посака членот на МО -ПЕИ , од Подгорци, Субија Мавмудоски, кој накратко на сите присутни им се заблагодари што одговориле на нивната покана и  што дошле во толкава бројка и дека посебна чест му е што вечерва покрај него е еден од најголемите борци за овој наш торбешки народ г-динот Фијат Цаноски.

Во текот на средбата  свое излагање покрај г-динот Фијат Цаноски имаа идниот пратеник на оваа партија г-динот Алија Камбероски, како и членот на извршниот одбор на ПЕИ, Ајет Кариманоски.

Ова е единствената партија која секогаш им излегувала во пресрет на сите наши сограѓани од сите наши населби. Ги повикуваме сите оние кои моментално нени се придружиле во оваа наша борба за целосно ослободување на државата и се разбира потврдување дека сепак како вакви постоиме, да ни се придружат и на 11 декември да ни ја дадат својата доверба, на нас како ПЕИ и се разбира коалицијата предводена од најголемата опозициска партија СДСМ, со која заеднички единствено можеме да го собориме овој тоталитарен режим. Имаме наш иден пратеник кој ќе нё претставува во Македонскиот парламент, а тоа значи дека сепак се вреднува и почитува нашето постоење. Знаеме низ што сё поминавме оваа низа на 10 години, и зарди тоа ве уверувам дека  секој еден глас што ќе го дадете за оваа колација, го давате за себе и за иднината на сите нас.

Немојте да дозволите со некакви си ситни пари или прехрамбени производи к да биде купуван вашиот глас, бидејќи со тоа ја продавата и гордост и образ. Многу ми е жал што наши некои сограѓани потклекнуваат на ваквите валкани активност на одредени политички партии, ама сепак на таквите нека им е срам, што ова го прават врз својот народ, и тоа за ситен сопствен интерес.

Секогаш ќе бидам овде, во нашиве населби, и секогаш излезам во пресрет на секој еден проблем кој моментално би го притиснал мојот народ, и не заради тоа решив заедно со моето семејство да живеам во Струга, од каде ќе бидам поблиску до сите вас. И покрај сите напади и притисоци кои во изминатиов период беше вршен врз оваа наша партија, сепак ние успеавме, после 11-ти ова ќе биде истовремено и почеток на една нова ПЕИ, партија на луѓе кои ќе допринесуваат во нејзиниот развој, луѓе кои повеќе ќе се интересираат за своите, за вработувањата и многу други работи од кои аир ќе видат овие наши населби и нејзините жители.

Лично ви најавувам сопствени иневстиции, решавање на инфраструктурите кои им се потребни на нашите населби. Меѓутоа за да се реализира сето тоа, потребна ни е вашата подршка за смена на овој режим, бидејќи секој друг неповолен исхот од изборите, ќе го спречи сето ова и се разбира остави нашите населби да продолжат со оваа агонија во која се наоѓаме 10 години.

ПЕИ и јас никогаш не сме се откажале од торбешите и торбешкото прашање, ова би сакал да го потенцирам и пренесам до сите оние кои шират  овие невистини и дезинформации, и пренесам дека нема да успеат во тоа, а се разбира нема да успеат и оние кои за ситни сопствени интереси сопствениот народ го влечат по други партии, и свесно му наштетуваат на сопствениот народ раздвојувајќи од сопственото јадро.

Би сакал да им пренесам, дека ние сме отворени и за сите оние кои сакаат да ни да пристапат, и се разбира отворени и за сите оние кои на некој начин имале погрешни мислење или пак свесно или свесно  и` згрешиле на оваа партија. Ова е наша партија, акале некои или не, и само преку неа можеме да си го задржиме сопствениот идентите, и како луѓе и како народ, накратко ви пренесуваме дел од излагањето на г-динот Цаноски.

Во текот на средбата свое излагање на имаше и кандидатот за пратеник Алија Камбероски, кој во своето излагање најмногу се осврна на програмата на Коалицијата за Живот во Македонија, во која се содржани делови од програмата на ПЕИ, а кои точно се однесуваат на делови потребни за овие населби. И на крајот ос воето излагање ги повика граѓаните, на 11.декември масовно како и на оваа средба да излезат на гласање и потврдат својата одлука со заокружување на бројот (4), со што ќе овозможат преку коалицијата предводена од СДСМ еднаш за секогаш каже стоп и крај за ваквата недемократска и тоталитарна власт., и почеток на новото и подобро утре за нашиве сограѓани и нашиве населби, -надополни во своето излагање – Камбероски.

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here