Почитувани, еве за жал вака денес изгледаат делови од регионалниот пат Струга-Дебар. Пукнатини, слегнувања, па дури и одвојување на асфалтираната коловозна подлога, сето тоа ја  претставува денешната слика од овој ново асфалтиран пат.

Според она што можевме да го забележиме бидејќи и често сме го користеле овој дел од патот, може да се констатира дека речиси истите делови кои порано биле проблематични, односно оштетени повторно излегуваат на повидок.

Како биле реконструирани овие делови? , како била обработена подлогата? , и каков бил квалитетот на асфалтот кој се користел, тоа би требало да го знаат изведувачите и оние кои имале контрола над градежните активности.

За колкавав број и должина на оштетени делови станува збор, доволно е само да поминете дел од Струга некаде до населба Лабуништа, релација која ние најчесто ја користиме и каде ги забележавме овие неправилности, а како изгледа понатаму до град Дебар и кога може да се очекува слични работи да се случат и таму останува да покаже времето, односно некаде порано некаде подоцна.

Како и да е на крај може да се констатира дека тие кои ја изведувале реконструкцијат како и надгледувањето (контролата) при изведување на градежните работи, очигледно не си ги завршиле работите како што треба, и некој се разбира треба да сноси одговорност за она за што зел пари, а не го направил како што треба.

Инаку оваа делница од регионалниот пат, и целиот пат до Дебар пред неколку години наназад 50-60, а можеби и повеќе  беше асфатлиран од страна на “Босна Путеви“ и истиот речиси издржа долг временски период, што представува уште еден доказ како се работело претходно и како се работи денес.

Колку за постетување, реконструкцијата на овој регионален пат, како и неговото пуштање  “горделиво“ беше најавувано од страна на “нашава“ влада како дел о програмите за реконструкција на регионални, магистрални, локални патишта во нашава држава.

На самото пуштање во употреба на регионалниот пат Струга, свое видување и говор оддржа и поранешниот премиер

Никола Груевски, сега претседател на ВМРО ДПМНЕ каде во останато изјави:

Со вкупна инвестиција од 580 милиони денари регионалниот патен правец Струга – Дебар, во должина од 50,9 километри е целосно реконструиран и рехабилитиран.

– Патот Струга – Дебар е најзначајниот патен правец на кој се работеше изминатиот период во овој дел од Македонија. Беше во многу лоша состојба, со намалена безбедност и отежнато движење на моторните возила. Денес со задоволство можеме да констатираме дека е целосно реконструиран со што се подобрија условите за патување, комуникација и севкупно се подобри животот на голем број граѓани кои тука секојдневно минуваат. Сигурен сум дека новиот пат ќе придонесе за подобрување на локалното стопанство, за развој на туризмот, за транспортерите, земјоделците, преработувачите, трговците, како и за зголемување на регионалната и економската соработка меѓу Македонија и Албанија, рече Груевски пред пуштањето на патниот правец.

Реконструкцијата на овој коловоз, напомена, не е ниту прва, ниту последна инвестиција од ваков карактер во западна Македонија.

На крај дали ќе се подобрат условите за патување и комуникација на граѓаните и колкавав ќе биде аирот, останува да се види, до кога и колку ќе издржи оваа реконструкција , која за жал не успеа да издржи повеќе од некаде две и пол години од неговото конечно – завршно реконструирање останува да се види.

Вкупна износ на ова инвестиција – реконструкација на регионалниот пат Струга-Дебар изнесувала  580 милиони денари и се каратктеризираше со должина од 50,9 километри.

Инаку овој пат после ’реконструкцијата’ во употреба беше пуштен на 18.01.2014 година, а до кога ќе издржи само еден Господ знајт, ама едно е сигурно, според она што тој денес го покажува сигурно нема да издржи многу.

Dubai-portal.com.mk

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here