(Фото + Видео) МО СДСМ- Подгорци: Владината “Мачка“ повредна од Подгорци и Подгорчани.

0
366

 

Почитувани, еве за жал, односно благодарение на “нашата“ влада, вака денес изгледа местото каде што Подгорчани требаа да ја имаат пречистителната станица со која во целост ќе беше заокружен системот за одвод на фекални води (канализација) и се разбира спречеше понатамошно загадување на плодното земјиште кои Подгорчани секоја година ја засадуваа со земјоделска култура, и  немаше да биде доведена во опасност животната средина околу овој простор.

Иако во повеќе наврати денешнава власт беше известувана за потребата од еден ваков објект, сепак тие не најдоа за сходно да одговорат на потребите на жителите на оваа населба.

Колку за потсетување, од 2013 до 2015 во два наврати населбата беше посетена еднаш од страна на тогашниот премиер, сега претседател на ВМРО ДПМНЕ  г-динот Н икола Груевски каде при средба со  присутните членови на Месната Самоуправа лично им ветил реализација на дел од проектите за кои Подгорчани сметаат дека имаат потреба. Во таа пригода г-динот Груевски добил комплетна документација од сите оние проекти кои биле како приоритет и предложени од страна на Месната Самоуправа.

Меѓутоа за жал, желбата да му се помогне на Подгорчани, траела се до моментот додека биле во населбата, по заминувањето и прекинувањето односно напорите да се добие било каква информација за тоа дали ќе биде реализиран барем дел од ветеното што Груевски им го ветил на Подгорчани, сето останало само на празно ветување,  и шетање по лавиринтите на владините институции.

За да биде дрскоста уште поголема, за краток период представници на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ повторно ја посетуваат населбата, овој пат без и било какво извинување, повторно од членовите на Месната Самоуправа побарале да им се достави техничката документација од проектите кои се најпотребни за реализација за потребите на населба Подгорци. Во таа пригода комплетна документација по втор пат им е доставена, и овој пат како и претходниот, ветено им било дека сепак ќе има реализација на еден од проектите и дека за тоа ќе бидат навремено известени.

И се разбира, членовите на Месната самоуправа биле известени дека треба да се направи ревизија на дел од документацијата за да се одобрат финансиски средства за реализација на дел од предложените проекти. И овде работата останува на точка, ниту има одговор, ниту информација, ниту нешто слично што би можело на Подгорчани да им даде надеж за исполнување на барем дел од нивните барања, односно барем она што ВМРО ДПМНЕ при нивната посета им го вети на Подгорчани.

 

Во месец октомври 2015 година,  пратеникот од редовите на СДСМ г0дин Јован Митрески  во македонскиот парламент бара издвојување на средства во износ од 1 .160.000.о0 денари ( нецели 20 илјади евра) за изградба на пречистителна станица во населба Подгорци, со што би бил  заокружен овој инфраструктурен објект на населба Подгорци, и реши еден од проблемите кој долго време ја притиска ова населба.

Ваквото барање нема да биде прифатено, бидејќи е поставено од страна на пратеник од редовите на опозициската СДСМ, на која граѓаните на населба Подгорци, овој пат решиле да им го образложат својот проблем и побараат преку представници на ова партија уште еднаш да биде запозната Македонската јавност а,Подгорчани уште еднаш да се уверат дека намерата да им се излезе во пресрет од страна на Македонската власт- влада, особено владејачката партија ВМРО ДПМНЕ која им ја далакако  ветување да биде сведена на нула, односно Подгорчани да бидат излажани.

Како и секој пат, обидувајќи се да се избегне исполнувањето на ветеното, представници на ВМРО ДПМНЕ својот одговор на ваквото неприфаќање на предлогот на пратеникот  Митрески го образложиле со тврдењетодека во тек е планирана изградба на некаков, барем засега “виртуелен“ колекторски систем на релација Враништа-Радожда, каде би влегол и Подгоречкиот канализационен систем.

За воља на вистината, владиниот колекторски систем, засега заглавил во виртуелниот свет на оваа “наша“ влада, а зошто заглавил и на што, во прилог Ви го пренесуваме излагањето на пратеникот Митрески кое следуваше неколку месеци подоцна, а тоа сликата да ни ја направи уште појасна.

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=NgzIP_Dtl98[/embedyt]

После ова , за паметниот доволно.

Како и да е се надеваме дека представници на оваа партија,( ВМРО ДПМНЕ )  ке смогнат сили повторно да ја посетат населба Подгорци, и на граѓаните да им објаснат зошто г-динот Груевски и пратениците од ова изборна единица се одлучиле реализацијата на овој проект (пречистителна станица) на Подгорчани, да го заменат со проектот ( склуптура – “Мачка“)  од проектот Скопје 2014 кој како за споредба има речиси ист износ на средства. Односно ( Пречистителна станица – 1.160.000.00 денари), Проект Скопје 2014 ( склуптура “Мачка“- 1.359.325.00 денари) . Дали Владината мачка е повредна од Подгорчани, и дали Подгорчани се сложуваат дека склуптурата “мачка“ е повредна од нив, останува да се види што ќе покаже 11 декември, ама едно е сигурно дека Подгорчани за ваквата мачка имаат стаорец ( гласачко ливче) кое на тој ист ден ќе му каже збогум  на сите владини склуптури : Маски, Мачки, Лавови, Риба, Жирафа и др…и покаже каде им е местото.

 

А, дотогаш односно до 11 декември барем уште малку, како Подгорчани ќе ја чувствуваме смрдеат од овој наш канализационен систем кој ќе не потсетува на она што сме го барале, а не сме го добиле и она што ни било ветувано. А заради што? Некои сигурно знаат.

МО СДСМ- Подгорци                                                                                                                                                                                                                       28.10.2016 г.

 

 

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here