(Фото) За најновиот Лабунишки проблем, или патот со можеби друга цел…

0
224

Кога пред два денови пишувавме за сите оние проблеми а особено за оној кој во повеќе пати ни се повторува, а се однесуваше околу дивата депонија на локалниот пат кон населба Боровец, ни на крај памет не можеше да ни падне дека веќе извесно време се раѓал нов сериозен, односно посериозен проблем.

Благодарение  “за жал“ на фотографиите поставени-објавени  на фејсбук страната на Zdruzenie NATURA LAB Labunishta – Shoqata NATYRA LAB Llabunishtë уште еднаш Лабуништани како и во повеќе наврати како да им стана навика да се соочуваат со проблеми.

Пред некој месец имавме можност да бидеме сведоци на уредување, па дури и асфалтирање на патот кон Лабунишките бачила, меѓутоа за жал пат кој дотогаш се знаеше дека ќе заврши до предвидените бачила.

Меѓутоа денешните фотографии покажаа дека овој пат зад себе имал и сосема друга  намера, односно завршувал на сосема друго место, односно друга крајна цел.

Од самите фотографии се забелажува ископ кој се врши во дел на оваа прекрасна планина и уништува се она што е добро и она што треба да се чува а не уништува.

Овој ископ зад себе треба да одговори на многу прашања за кои Лабуништани ќе сакаат да го дознаат одговорот:

1.Зошто се врши ископ ?

2.Кој го врши ископот и која е намерата?

3.Кој дал дозвола-одобрение за таквата активност ?

4.Зошто досега се криело сето тоа.. и многу други прашања….

Значи останува да се види како ќе реагираат надлежните општински и други институции и органи после откривањето на ваквите активности во делот на оваа наша преуба природна убавина и дадат одговори на жителите на оваа населба.

Се разбира, наше не е да обвинуваме, и откриваме, туку да укажеме на нешто што ни се случува околу нас, а надлежните органи сето тоа треба добро да го објаснат, а се надеваме дека во сета оваа удрурма нема да бидат вмешани и политички партии кои во овој наш случај би го изнашле моментот за некакви си политички поени, односно да се најават како некакви спасители, кои прво земале,расипале,  а потоа се јавувале како спасители и поправале, односно вообичаено како што секогаш ни се случувало.

 

Како и да е Надлежните Општински и други органи се на ред, и се надеваме дека ќе изнајдат храброст на Лабуништани да им излезат во пресрет и дадат одговор за овој наш заеднички проблем кој ни се случува, бидејќи со премолчувањето на ваквите активности, истите лесно можат да тропнат и на другите населби..

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here