Еве, за жал вака денес по кој знае пат вака изгледа дел од локалниот пат кој води кон населба Боровец, а се наоѓа во непосредна близина на населба Лабуништа.
За што станува збор едноставно самите фотографии кажуваат доволно.
До каде ќе оди нашата совест и неодговорност, само еден Господ знае. Едноставно расфрлано ѓубре на сите страни, различен отпад, органски, неоргански и што уште не, а самата депонија за одлагање на ѓубрето од населба Лабуништа и Боровец се наоѓа само на неколку метра.
Дали ваквата слика направена од страна на одредени несовесни граѓани, треба да преставува генерална слика за недоговорност, односно неодговорно однесување на една цела населба, треба да се запрашаме самите односно сите ние кои за жал заради несовесноста и неодговорноста на некои други лица дозволуваме да ни се случуваат вакви работи…
Иако во повеќе наврати сме пишувале за ваквата состојба на овој дел од патот, па и неодговорноста на граѓаните кои ете се решиле тука да го истоварат ѓубрето, притоа не водејќи сметка дека на истото тука не му е местото, и дека со ваквата активност секојдневно се доведува во опасност како здравјето на луѓето кои поминуваат покрај овој пат, така и по самата животна средина, овој пат решивме да ги повикаме сите оние здруженија кои се формирани во овие наши населби, било да се културни, образовни, еколошки и било какви други, да се одважат од нивното служење на фирмите и политичките партиите кои стојат зад нив и нивните активности, и еднаш за секогаш да ја изразат нивната активност како здружение, а не да се користат само за пропагандни цели кои вообичаено се најавуваат во време на избори, или слични политички активности па дури и кога некоја фирмата (компанија) која стои зад нив со цел ’прикривање’ – избегнување на некави даночни ослободувања и слични правни акти… да излезат јасно видат што ни се случува во непосредна близина.
Исто така, ова нека биде апел и до сите оние заспани инспекциски служби, кои вршат секакви некакви активности, само не оние вистинските кои им се пропишани со закон и за кои земаат плата, да преземаат соодветни активности во решавањето на оваа долгогодишна проблематика, која постојано ни се повторува и тоа заради безобразлукот на одредени несовесни лица, и се разбира еднаш засекогаш да заработаат како што вели народот алал плата, а не да се кријат зад канцелариите на општинските или било какви други државни институции, притоа не заборавајќи ги и Месните Самоуправи, кои за жал и тие не функционираат како што треба во нашиов случај, а за жал ќе започнат да функционираат во скоро време, за одредена политичка структура (партија) и тоа во време на предизборна кампања, за жал нешто што сеуште е каратктеристично за нашиве населби.
Да се надеваме дека ваквите фотографии кај некои ќе ја разбудат совеста за одговорност на лицата кои ја создаваат ова слика, и се разбира заспаните општински и други државни инспекциски служби, дека треба нешто да се направи и превземе па дури и казнува за ваквата активност на неодговорните и несовесни граѓани.
Да се надеваме !












