ООУ “Гоце Делчев“-Подгорци: Свеченост по повод Детската недела

0
198

По повод детската недела и приемот на новите првачиња, денес во просториите на Основното Училиште Гоце Делчев – Подгорци, одржана беше свеченост-приредба, каде покрај добредојдето во детската организација , им беше посакано и добредојде на новите првачиња кои ќе посетуваат настава во ова образовна Установа.

Како што и веќе се уверивте, ние веќе ваквите приредби по овој повод ги организираме секоја година, и веќе станува дел од традицијата на ова училиште, се разбира ова е една од низата на приредби кои ги организираме во текот на целата учебна година, а се однесуваат на различни настани од општесвениот живот ( празници, личности идр..) се разбира тука не иостануваат и оние другите приредби кои имаат за цел да го подтикнат учењето и развојот на нашите ученици (образовни, едукативни) – ни изјави директорот Фадил Исламоски.

Во ова пригода како и многу пати би сакал да им се заблагодарам на родителите кои со нивното денешно присуство ја разубавија ова наша свеченост-приредба, и се разбира она најглавното нивната соработка која ја пројавуваат во текот на целата учебна година.

Ваквите приредби ги организираме заеднички, односно со целиот наш наставнички колегиум од нашава образовна установа, и секогаш успеваме нашиот труд  кој го вложуваме во развојот и успехот на учениците да даде вроди плод. Се разбира преку ваквите приредби на некој начин им придаваме и значење на учениците кои започнуваад да посетуваат настава, и се разбира подтикнеме нивниот понатамошен развој, меѓутоа во овој случај не може секако да се изостави и соработката со родителите на учениците, и интересот кој тие го покажуваат како кон нас, така и кон помагањето на понатамошните активности на нивните деца, односно нашите ученици. – ни изјави Христина Димоска долгогодишен наставник во ова училиште.

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here