(Фото) ПОДГОРЦИ: Санирање – Поправка на дел од патот кон Подгоречка планина

0
268

Имајќи ја во предвид дотраеноста, односно оштетувањата на дел од патот кон Подгоречката планина позната како чуки, во саботата преку доброволна активност на група на граѓани на населба Подгорци, со учество на механизацијата на Касим  (Мечо Транс) Октиси,во текот на денот  беа санирани оштетувањата, поправки , како извршено проширување на дел од трасата на овој пат, со што на сите љубители на природата и подгоречката планина ќе им се овозможи по прилагодно патување при посетата на деловите на оваа планина.

Она што на крај накратко ни беше изјавено од страна на учесниците во оваа активност беше тоа дека сите активности се изведени доброволно, односно со заедничка желба да се изврши оваа активност, од која долго време се најавуваше дека се има потреба од нејзина реализација, притоа не заборавајќи дека покрај учесниците во оваа активност кои најдоа и издвоија време за ова добротворна активност, истовремено му се заблагодаруваме и на сопственикот, односно фирмата  на Касим ( Мечо Транс) од Октиси, кој изнајде време и тој доброволно со совојата механизација да учествува во реализацијата на оваа наша активност – ни беше изјавено од страна на еден од учениците во оваа доброволна активност.

 

Dubai-portal.com.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here