(Фото) ПОДГОРЦИ: Од подготовката на годинешниов Традиционален “Торбешки“ Ајвар

0
198

Секоја година во овој период граѓаните на нашиве населби, па и пошироко низ нашава си држава Македонија, го подготвуваат веќе добро познатиот  Македонски ајвар.

Имајќи ја во предвид ваквата активност на нашите сограѓани, која веќе и традиционално со децении се негува во нашиве краишта,изразивме желба да присуствуваме на подготовката на овој наш познат, па ајде нека се каже добро познат продукт (прехрамбен производ) како кај нас така надвор од нашава држава, од самиот почеток, па се до моментот на зачувување (ставање во тегло), па и можност од една кратка дегустација.

 

На самиот почеток, Ви напоменав дека накратко ќе запознам со подготовката на нашиот традиционален “торбешки“ ајвар.

Прво напоменав, а можеби и Ве збунав кога реков “торбешки“ ајвар. Знаете, тоа го споменав бидејќи ете така некако се чувствувам ,пред сё заради атмосферата која во ова време преовладува меѓу нашиот народ, овде во нашиве краишта кога се подготвува овој наш и добро познат ајвар.

 

Меѓутоа, исто така сакам да Ви истакнам дека овој наш “торбешки“ ајвар, во многу работи ќе се разликува во однос на оние вештачките (ајвари) кои ги купувате во маркетите, бидејќи некои содржат и различни конзерванси,за да траат што подолго, отколку што треба и што уште не, а Вие не знаете како се правел и што е ставано во него.

Јас, обично не верувам во нивните етикети на производите, туку во она што јас го правам и се разбира нашите жители, бидејќи се е природно и рачно, тргнувајчи од печењето на пиперките, лупењето, мелењето…., па се до крајниот момент ставањето во тегла.

Секој има различен вкус, и врз основа на тоа постои различна подготовка, некој сака лут, некој благ, некој потемен, некој посветол идр..

 

Јас ова година решив да приготвам еден нов начин на ајвар, кој заради тоа го нареков и “торбешки“ заради тоа што во него ставив една интересна состојка, се разбира природна, која ќе му даде поубав и повкусен белег, по што ќе се разликува од класичниот ајвар, а за која состојка станува збор засега нека остане тајна се до времето кога ќе треба да се вкуси, односно малку да одлежи, и доколку испадне добар, за потоа да можам да кажам што сме ставиле во него – ни изјави сопругата на нашиот соговорник, и заради тоа ете си го нарековме “торбешки“ ајвар.

 

Знаете повеќето, граѓани велат дека е тешко односно дека не е лесно да се приготвува ајвар, а јас велам дека ништо не е тешко кога нешто се сака да се направи, а и впрочем секоја една завршена работа со малку тешкотија изгледа повредна, барем јас си мислам така, – ни вели нашиот соговорник.

 

Во текот на неколку часовната посета на нашиот соговорник кој на својата сопруга му помагаше во оние потешки делови од подготовката (мелењето на пиперката, и лупење на истата), решивме да ги оставиме да продолжат со работа, односно во претпоследниот дел од подготовката кога треба да се меша, на жешкиот оган, случајно да нё загори, па потоа да испадне како што вели онаа народната “од готово вересија“, и се разбира оној последниот кога треба да се складира -зачува во тегло, да одлежи еден мал период пред да биде поставен нашите трпезариски маси.

 

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here