Не, почитувани, ова не е некаква реклама на сок, или подготовка на некаков сок за во текот на зимата или пак нешто слично.

За жал ова е една слика со која секојдневно се сооучуваат жителите на населба Лабунишпта.

Недостатокот на вода сеуште трае и се повеќе се чувствува, секојдневни рестрикции во олку саатот, рестрикции во онолку саатот ова се секојдневните известувања со кои се соочуваат жителите на ова населба. Веќе ни се здосади, нема тераса (балкон), ходник, купатило и друг дел во било која куќа која не има поставено од 10 па до 30 шишиња со вода. Ова што ни се случува навистина не е жално туку смешно, бидејќи сите трпиме и оставаме да продолжува, така некои си поставиле резервоари за да можат веднаш да наполнат, мислејќи дека со тоа го решиле проблемо,  а ние, односно оние со поскромен џеб, вака ќе се снаоѓаме, со полнење на шишиња, а до кога само еден господ знајт – ни изјави жител на ова населба.

Доаѓааат политичари од сите страни ветуваат сё и сешто некои прават она што ни треба, а некои прават она што ни нетреба.  Сега кога веќе доаѓаат изборите  ќе ги гледаме сите  оние, од сите партии, како пак продаваат магла, овде сакам да кажам да потенцирам сите оние на кои сме им дале доверба и кое можеле да го решат овој наш проблем. Идет и си заминвет, односно како онаа народното “ Караванот врви, кучињата си лаат“.  Имавме министри, заменици министри, советници, а сега и претседател на совет, и кога ќе анализираме што сме добиле досега, пак едно големо ништо, односно тие си добиле, а ние пак останавме на нашето, а тоа е  секој момент да бидеме во неизвесност кога чешмата ке секне.

Некои велат ова треба да го реши општината некои партијата некои оној некои овој, а еве веќе сме кон половината на септември, а рестрикции сеуште траат а со тоа и нашата агонија кој претставува успех (врв) и достигнување како на работењето и интересот на претпријатието кое стопанисува со водоснабдувањето, така и на оние на кои сме им ја дале довербата… и навистина повеќе не сакам да зборувам за ова наше секојдневие бидејќи како и да е убо е, па нека си тера и понатаму… – надоплни нашиот соговорник, кој нервозно рече дека веќе му се здосадило од ваквите проблеми па дури и известувања бидејќи нема на кого да му се каже, а штом сите молчат значи добро име е… па нека тера.

 

Како и да е ова беше кратко видување на нашите соговорници кои сакаа оваа состојба со која се соочува ова населба  уште еднаш за последен пат да ја пренесат  до сите политичари, функционери и сограѓани на кои им ја дале довербата, барем малку да имаат страм и намус доколку се појават и побараат доверба од народот, зборувајќи демек ќе ги решеле нивните (наши) проблеми или пак започнале да ги решаваат како овој што веќе со години го решаваат, а засега ни остана само како оној познатиот систем за наводнивање “Капка по капка“, само што ние имаме барем засега имаме  малку поразличен од оној за наводнување, кој може да биде познат и да го носи називот  “ Капка по капка, полно шише“.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here