По повод исламскиот празник Курбан Бајрам, претставници на Општинската Организација на СДСМ – Струга ја посетија населба Подгорци, и пред присутните жители им го честитаа празникот и посакаа здравје, среќа, и благосостојба во домот на секој еден подгорчанец.
Како и секоја година, така и оваа ,чест ние што вечерва сме тука, и што сме во можност пред Вас, во име на претседателот на СДСМ г-динот Заев, во мое име како името на сите членови на Општинската Организација на СДСМ-Струга да Ви го честитаме празникот и да Ви посакаме сё најдобро. Овој пат се разбира не би сакал многу да се задржувам на политиката, туку едноставно да укажеме на сите вредности кои треба да се почитуваат, без разлика на верска и национална припадност. Нашата цел е да истраеме во ова заедничка борба и да го покажеме нашето единство во ова борба, која се надевам ќе заврши со победа и ново утро за сите нас и Македонија после 11 декември – изјави претседателот на ОО – СДСМ, Струга Даме Ложанскоски.
Како Општинска организација, запознати сме со сите проблеми со кои се соочувате како Вие така и целата населба и таквите проблеми како и секоја информација, преку важите жители особено нашите членови кои го сочинуваат Месниот Одбор на СДСМ-Подгорци доаѓаат до нас, и се разбира во рамките на нашите можности се обидуваме да излеземе во пресрет.
Се разбира ниту една борба или победа не може да се издвојува сама, туку потребно не и е заедништво и цврста одлука за ставање на крај на ваквата економско и политичка ситуација со која се соочува нашава држава и секој еден граѓанин во овие изминати години наназад.
Уште еднаш, би сакал во мое име, и името на членовите на ОО-СДСМ- Струга, да Ви го честитам празникот, да ви посакаме се најдобро во иднина и се разбира да продолжете со она со што и понатаму се истакнувате како една населба, а тоа е соживотот кој не препознава верска и национална припадност, туку човечност и единство,- надополни г-динот Ложанкоски.
Во текот на средбата присутните исто така накратко имаа можност и да поразговараат со гостите и укажат на појавата од било какви проблем или пак истите од страна на гостите да бидат запознати со моменталната политичка ситуација, во нашава држава.










