
Имајќи ги во предвид информациите кои пред неколку денови ги добивме на имејл на редакцијата на Дубаи Портал, од страна на група загрижени граѓани, во кои се опишуваат активностите околу неконтролираната “дива“ сеча на дрво (бука, даб, бор) со што свесно му се наштетува на подгоречката планина и нарушува нејзиното природно богатсво, денес на имејл од страна на загрижен граѓанин ни беа испратени фотографии од моменталната состојба во деловите каде се врши “неконтролираната“ сеча да дрво.
Дали станува збор за дива сеча? , дали истата е контролирана или не? , на тоа би требало да одговорат надлежните органи кои се задолжени за заштита на шумите како во Македонија, така и кај нас.
Од она што може да се забележи од самите фотографии е тоа дека како и да е едно е јасно дека Вандализмот и понатаму продолжува.
Меѓутоа за да биде трагедијата уште поголема, според информациите доставени до нашиот имејл стои дека, за жал дел од граѓани на ова населба нарачуваат (набавуваат) дрва токму кај ваквите лица, а со тоа и тие исто така свесно учествуваат во овој злостор (вандализам).
Уште еднаш на крај, покрај надлежните органи ги повикуваме и сите еколошки зруженија во населба Подгорци, како и Месната Самоуправа на ова населба да излезат на терен и заедно утврди фактичката состојба и заеднички изнајде решение- одговор за ваквата моментална состојба, односно активностите со кои се наштетува на зелените појаси на Подгоречката планина, за тоа дали има дива сеча или не, и да си ја извршуваат работата за што едноставно ги плаќаме.
А ние, во прилог Ви доставуваме фотографии од деловите на Подгоречката планиа каде меѓународот се познати како ( Јадрим, и Слеп пат), места каде што биле забележани вакви активности, (дива сеча, голосек….)









