МС Подгорци: Рестрикции во снабдување со вода.

0
189

Имајќи ја во предвид моменталната состојба на нивото на водата на Подгоречкото езеро, преку кое населба Подгорци се снабдува со вода за пиење и друга намена, како и несовесното, (рационално) трошење на истата од страна на жители на ова населба, Месната Самоуправа Подгорци, врз основа своите активности кои се однесуваат на контрола и  снабдување на населбата со потребните количини на вода, и избегнување на можноста од доведување во прашање нормалното снабдување на населбата, воведува рестрикции во снабдувањето со вода и тоа во следниот временски период:

24:00 (на полноќ) до 05:00 (наутро) часот секој ден.

Во ова пригода би сакале уште еднаш да апелираме до жителите на населба Подгорци на што порационално користење на водата, односно нејзино злоупотребување (прскање на бестонски, асфалтни површи, како и наводнување на друг вид површини), со што не би се довеле во состојба временскиот период на овие рекстрикции да биде проширен и на други временски периоди во текот на денот.

Ваквите рестрикции ќе траат сё додека сметаме дека може да дојде до нарушување на нормалниот тек на водоснабдување на населба Подгорци.

Се надеваме на ваше разбирање!

Со почит!

Месна Самоуправа Подгорци.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here