Вечера околу 20.00 часот во делот на населба Подгорци, познат како ’Рид’ од засега непознати причини, избувна пожар односно дојде до запалување на селската депонија. Неофицијално засега не е познато дали истиот е предизвикан како резултат на самозапалување , или пак бил намерн предизвикан, засега официјално не се утврдени причините за неговото избувнување.
Притоа,имајќи ја во предвид и непосредна близина на стамбените објекти (куќи) како и сериозноста од проширување на пожарот и во подолните делови од оваа област, во текот на гаснењето на истиот учествувала и екипа на противпожарната единица – Струга.
Неофицијално се дознава дека пожарот е ставен под контрола и засега нема опасност од проширување или пак негово повторно активирање.

Dubai-portal.com.mk










