Имајќи ја во предвид потребата од уредување на просторот од муслиманските гробишта во населба Подгорци, денес се започна со уредување на просторот каде што се врши кланање на џеназе намаз.
Оваа активност е финансирана од граѓани на населба Подгорци кои сакаа да се изврши ова уредување, притоа инсистирајќи да останат анонимни, односно не бидат објавувани нивните имиња -ни изјави Реџо Адемоски изведувач на градежните активности околу оваа планирано уредување.
Дел од нас работи доброволно, а помал дел од лицата кои работаат примаат само минимален хонорар за нивната работа.
Оваа активност ќе се изведува во две етапи, односно нашата иницијатива е сведена на надзидување на страничните делови на просторот со користење на камен, и се разбира она што од наша страна ќе се изведи а не беше во план е и да се изврши пополнување на просторот со што ќе дојде до порамнување на висината на теренот и обезбеди соодветен и нормален простор за извршување на џеназе намаз.
Втората етапа ќе биде во организација на џамискиот Одбор на населба Подгорци и таа етапа се однесува на поплочување на просторот и прилагодување на подлогата – ни надополни Реџо Адемоски, кој претставуаве еден од доброволните изведувачи на оваа активност, притоа заблагодарувајќи им се на групата на граѓани што изразиле желба со финансиски средства да ја потпомогнат оваа активност со што овозможи нормално извршување на џеназе намаз на овој простор во муслиманските гробишта.











