Преговарачите на лидерската четворка, според извори на Либертас, имаат фиксирано датум за одржување на предвремените избори и тоа би бил 20-ти ноември.

Przino

За да бидат изборите на овој датум сепак услов се недоговорените работи околу ингеренциите на министрите во преодната влада (МВР) и ад хок санирање, но не и суштински реформи во медиумите.

Во преговорите позаинтересирани за избори во ноември биле од СДСМ и ДУИ, но не и ВМРО ДПМНЕ. Раководството на владејачката партија тактизира и развлекува за да не се успее изборите да бидат одржани на 20 ноември како што начелно се изјасниле пред Нуланд, туку на пролет заедно со локалните.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски практично секој ден води кампања како за локални и негова идеја била предвремените парламентарни да ги поклопи со локаните. На такви избори тој впрегнат со речиси сите градоначалници во државава кои се од неговата партија фокусот на кампањата би ја ставил на отварање патчиња, канализациони мрежи, игралишта, отварања на погончиња за вработување.

Колапсот на државата, криминалот, корпуцијата и се што се слушна од „бомбите“ за начинот како владееле, според советите на странските консултантски куќи, кои ги имаат изнајмено, делумно би ги ставиле во втор план доколку предвремените парламентарни би биле со редовните локални а во кампањата во преден план би биле изборот на градоначалници а не на избраници за највисокиот законодавен дом – Парламентот.

Аналитичкиот центар на ВМРО ДПМНЕ проценил дека шансите за добар изборен резултат им се далеку поголеми ако истите бидат на пролет наместо во ноември на кои би биле само предвремени парламентарни.

Сепак притеснети по средбата со Нуланд, Груевски прифатил да се договара 20 ноември како датум за предвремени избори, но неговите преговарачи имале задача постојано да ставаат сопки и да ги отфрлаат колку што можат предлозите на опозицијата

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here