И, официјално од вчера (07.07.2016) започна наводнувањето на земјоделските површини во атарот на населба Подгорци.
За разлика од минатата година, ова година наводнувањето започнува со мало поместување заради рамазанските пости.
Како и вообичаено најмногу е засадено пченка, и компир, и мали количини на вртови засадени со патличан, кромид и др..
Ова година за разлика од минатата има мал благ пад во засадените култури,пред се заради одредени информации кои претходно се проширија во населбата, а беа поврзани прекинувањето на функционирањето на водната заедница-Подгорци, согласно законот на Р.Македонија за престанок на функционирање на ваквите организации на ниво на Македонија, и се разбира изборот на вододелител за оваа сезона – ни изјави Насер Реџоски, вработен во Месна Самоуправа – Подгорци и раководител на активностите за реализација на оваа активност.
Како што гледате веќе започнавме со овогодинешнава сезона на наводнување, избравме вододелител, нашиот соселанец Сулејман Мирадиноски, ја контролираме како и секогаш потрошувачката на вода, и активностите си течат во нормала. Засега е рано да се зборува за недостатокот на вода или појава на било каков проблем кој би ја попречувал ваквата активност, сепак се надеваме дека имајќи го во предвид разбирањето на нашите граѓани кои имаа засадено земјоделска култура, кои ке ја користат нашата услга( наводнување), а се разбира и нашата организациона поставеност, тргнувајќи од мене, вододелителот и се разбира вработените кои ќе се грижат за регулирањето на протокот на вода, се надеваме дека нема да имаме проблем, ни надополни на крај Насер
Ова е прв ден, досега нема застој, луѓето ги известуваме навреме за времето кога ќе можат да наводнуваат, имаме доволно вода, и се надеваме дека така ќе остане до крај, ни изјави овогодинешниот вододелител Сулејман Мирадиноски, и надополни дека се надева луѓето да имаа разбирање во ваквите активности доколку дојде до било каков мал застој во снабдувањето на вода, или пак помести терминот (часот) кога одреднео лице треба да наводнува, кратко ни изјави Сулејман.










