И веќе додека го пишуваме овој текст, навлеговме во последниот ден на мубарек месец Рамазан.
Најпрво да му се заблагодариме на Возвишениот Аллах џ.ш што еве и ова година ни даде можност да го дочекаме и во пост поминеме-испратиме месец мубарек Рамазан, и се разбира отвориме вратата и дочекаме светлиот празник Рамазан Бајрам.
И додека заеднички извршувавме теравија намаз, нашите рамазански тапанџии (Исмаил, Џеват, Сефидан и Изет) веќе се огласија со своите тапани најавувајќи дека ќе го посетат секој дом, дом кој треба да ги дарува со подарок ( наполитанка, бонбониера, чоколада или нешто слично…) и се разбира сето тоа како дел од нашава Подгоречка долгогодишна традиција, и се разбира да го најават она што за момент ќе ни недостига, а тоа е мубарек месец Рамазан, кој веќе ни заминува и дека треба да се подготвиме за дочек на Рамазан Бајрам. Се разбира, не заборавајќи дека ќе ни недостига тропотот на нивниот тапан, како за ифтар така и за суфур.
Како и да е сега веќе треба да се подготвиме за претстојниот празник Рамазан Бајрам, на нашите печалбари кои ни пристигнаа да им посакаме добредојде и пријатен претстој, на оние кои останале надвор (странство), нека Господ им даде Здравје и риск и иншала и тие да си дојдат, и се разбира она што најмногу е важно кога веќе ни замина Рамзан, нека сите кои постеле и чинеле ибадет да ја добијат наградата која Возвишениот ја ветува за таквите искрени верници, верници кои чекорат по патот кој Тој го трасирал за сите оние кои ќе му се покорат и почитуваат она што Тој го пропишал во светата книга Кур`анот. (Амин).
А, ние уште еднаш како и секогаш да се помолиме и побараме Возвишениот Аллах џ.ш да ни го укабули нашиот пост и овозможи и наредната година да го пречекаме светиот месец, месец на милост ,опрост, и наградување мубарем месец Рамазан, (Амин).











