Денес по повод месец рамазан- месец на милост, опрост и спас, во организација на фондацијата за образование и култура “Дрим Сулејманије“ со седиште во Струга беше организиран ифтар-рамазанска вечера за припадниците од исламска вероисповест од Струшко и Дебарскиот регион.
Присутните гости, кои ги имаше околу стотина, беа поздравени и им се обрати и посака добредојде Фарук еф. од Истанбул одговорен за ова здружение и во останатите држави на Балканот каде истото како организација и постои и функционира.
На ова вечера исто така присуттни беа и директорот на фондацијата Илхсаф од Скопје, Иса еф. како и директорот на ова фондација одговорен за Истанбул.
Задоволството од оваа вечера беше уште поголемо бидејќи истата беше сервирана од студентите од Лабуништа и Прилеп кои – студираат во Истанбул.
На рамазанскиот ифтар како поканети гости присутни беа и представници од населба Подгорци, кои преку зборовите на проф.Решат Арсланоски им се заблагодарија на укажаната чест да се биде поканет и присуствува на една ваква вечера (ифтар)
Присутните гости од страна на директорот на фондацијата “Дрим Сулејманије“ од Струга – Исмаил еф. ги запозна своите гости со начинот на нивното функционирање, напоменувањејќи дека нивните образвни институции се отворени и им стојат на располагање на сите оние кои сакаат и пред сё ја чувствуваат потребата од збогатување на своето образование со исламската наука и култура, запознавањето и учењето на Кур`анот, корегирање на своите воспитни постапки, убавото однесување, меѓусебното почитување и меѓусебното помагање.
После завршување на ифтарот (рамазанската вечера), присутните имаа можност заеднички да клањаат (обават) акшам намаз. Со завршување на акшам намаз, присутните гости беа испратени од представниците на ова здружение со честитка за кабул на рамазанскиот пост и со честитка за среќни Бајрамски денови.
Во ова пригода и редакцијата на Дубаи Портал им се заблагодарува на ораганизаторите и домаќините на оваа вечера за укажаната чест и покана да бидеме дел од овој рамазански ифтар.














