(Фото) Месна Самоуправа Подгорци: Расчистување на локалниот на населба Подгорци

0
204

Имајќи ја во предвид моменталната и жалосна состојба со патот кој води кон и од населба Подгорци и истата ја поврзува со општина  Струга, и општина Вевчани, денес како што добивме известување Месната Самоуправа започна со реализација, односно расчистување, одстранување (косење) на страничните делови од патот, зарасната трева, и друг  вид на растенија.

За жал како и порано, подгорчани секогаш морале самите да се грижат за одржување на делови од патот, без разлика дали тоа биле лица кои сакале доброволно да допринесат (како и порано) во оваа активност или пак месната самоурава, како организација, а во чија надлежност не е одржувањето на патот, а еве веќе смогнала сили да од денес го одстрани овој проблем, кој може да биде сериозна опасност за одвивањето на сообраќајот ( автомобили, луѓето) заради намалувањето на прегледноста.

Како и да е ние во текот на денот затекнавме еден од вработените во оваа организација, кој и  покрај жешкото време (сонце) и рамазанскиот пост ја извршуваше онаа работа за која некои други се надлежни и треба да ја извршуваат, односно и земаат пари за тоа што треба да го сработат.

Па, од тука еве уште еднаш како потсетување, како и секоја година, дека Подгорчани биле секогаш вредни и како и секогаш самите си ги решааваат проблемите кои им се наметнале или пак природата ги дала, а некои други земаат пари и се надлежни за ова што денес Месната Самоуправа го работи.

Уште еднаш еве мало постетување до заспаните кои моментално се кријат под некоја сенка, и лежат во некоја фотеља, да се разбудат и завршат и изврушуваат работите за кои ги плаќаме и земаат пари , се разбира доколку се плашат од арам.

 

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here