Денес 12.06.2016.год во просториите на џамијата на населба Подгорци, во рамките на месец рамазан имавме чест и задоволство да присуствуваме на промоцијата на книгата “ЈАЗИКОТ МЕЧ СО ДВЕ ОШТРИЦИ“, од авторот Д-р Шефик Курдиќ, а во превод и обработка на имамот на населба Октиси, Ариф еф Рамадани, и г-динот Јасмин Рамески.
Промоцијата на книгата беше представена од страна на г-динот Рамадани кој пред присутните џематлии, од Подгорци, како и останатите гости од Струга и околните населби одржа предавање и осврна на содржината, темата и се разбира потребата од објавување и промовирање на една ваква книга.

Книгата е онаа која го отвара нашиот капацитет на нашето мислење и знаење, книгата е онаа која може да направи револуција во нашите души и нашите општества – спомена Рамадани, и продолжи..

Целта на оваа наша денешна промоција не е маркетинг, бидејќи истата нема да ја продаваме, нашата единствена цел е  да се видиме во овој  мубарек месец рамазан да споделиме некои мислења и поразговараме меѓу нас.

Ова книга треба да допре до секој дом, бидејќи ова празнина во нашево општество, а тоа е јазикот, орган во нашата уста и кој е  благодет од Аллах. Во кур`анот е споеменето: “И, Аллах го почучи човекот со изразување, нашиот јазик е благодет што Возвишениот Аллах ни го дал, а она што е благодет, не смее да се користи за грешење , ниту спрема Аллах ниту спрема луѓето, овој благодет треба да го користиме за нешто со што и Аллах ќе биде задоволен.

Сите овие работи кои моментално ни се случуваат во нашиве населби, сите неконтролирани работи, како раскинувањето на врските било семејни или други, представуваат резултат на јазикот.Еден  арапски поет, рекол внимавај некои прилики во животот не се враќаат, внимавај на стрелата која ќе ја пуштиш дали некого таа ќе погоди, внимавајј на јазикот да не проговориш некој збор, збор  кој на некого ќе го рани, повреди , подоцна  можеби ќе се предомислиш и посакаш да ги повратиш, ама нема да можеш.

Ударот од раката е помал отколку ударот на јазикот.

Како пример, доколку со еден збор јас навредам, или опсујам тоа ќе ги рани сите ваши души, меѓутоа доколку некого сакам да удрам со рака можам да удрам еден или двајца, значи јазикот може да направи поголеми катастрофи.

Книгата носи наслов: Јазикот меч со две оштрици, сепак , мое мислење е дека јазикот не е сечило со две оштрици, јазикот има над стотина сечила, јазикот не прави две работи, позитивни и негативни, јазикот може да направи многу, многу други работи.

Книгата опфаќа два аспекти, првиот аспект на книгата зборува за негативните апсекти на јазикот ,негативни работи на јазикот, бидејќи со него од сите преостанати органи на телото, може дасе  направат најповеќе гревови,а тука на почеток се спомнати,лагата клеветењето,сомневањето,озборувањето,наврдувањето, псуењето,, како негативни аспекти на јазикот.

Во вториот дел од книгата спомнати се позитвните аспеки на јазикот, како да читаш Кур`ан, да изразиш благодарност,да постиш рамазан, да правиш зикр, да го споменуваш Возвишениот Аллах, да донесуваш салават на пратеникот Мухаммед а.с. да помориш двајца браќа муслимани, се разбира ова се само некои од  позитивните аспекти.

Јазикот е тој на кој треба да внимаваме, да не навредување и повредуваме луѓето, овде се мисли на сите луѓе, а не само на поедини представници на една вери.

Кој верува во Алла и судиниот ден, нека каже и изговори добар збор или барем нека молчи.

Оној кој не верува во Аллах и судниот ден, тој секогаш изговара непристојни зборови, тој е вулгарен, има погрдни и одвратни зборови, а, затоа ние не знаеме, ниту јас ниту Вие , за тоа што носиме во нашите души, тоа е тајна помеѓу нас и Аллах, меѓутоа нашиот јазик, тој е лична карта, тој е информатор за она што се крие во нашите души,затоа пејкамберот рекол, нема да биде исправен иманот, верувањето на човекот , се додека не е исправно неговото срце. И не му е исправно срцето на човекот , се додека не му биде исправен неговиот јазик.

Повечето денес се прашуваат, тогаш денес во што е спасот..? Едноставно тоа е чувањето на јазикот.

Ова беше само дел од излагањето промоцијата на книгата Јазикот меч со две оштрици“ од авторот д-р Шефик Курдиќ а со превод и обработка на Ариф Рамадани преку кое укажа на позитвниот така ина негативен аспект, ја изразувањето на човекот преку својот јазик, и истата им ја препорача на сите оние кои сакаат да се доближат до Возвишениот Аллах и добијат наградата која секој еден наш човек сака да ја заслужи.

  

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here