
По повод Денот на македонската статистика во Домот на АРМ во петокот 3 јуни, во Скопје беше отворена изложба на ликовни творби кои пристигнаа на Конкурсот на тема „Светот низ бројки“, кој беше распишан за сите ученици од петто до деветто одделение од основните училишта во Република Македонија. На конкурсот беа пристигнати ликовни творби од педесет основни училишта меѓу кои и ООУ „Гоце Делчев“ од с. Подгорци, под менторство на наставникот по Ликовно образование Горан Ристовски.
Тројца ученици од ООУ „Гоце Делчев“ се здобија со награди и со ваквиот постигнат успех беше единствено училиштето со најголем број освоени награди на конкурсот.
Учениците :
1. Мунира Исмајлоска освои Прво место во категоријата на најдобра ликовна творба за седмо и осмо одделение,
2додека на Климентина Димитриеска и Харис Авмедоски од осмо одделение им беа доделени пофалница за најдобри ликовни творби.
Па, како да ви кажам, ова е уште еден од низата на успеси кои нашево училиште континуирано ги постигнува, се разбира благодарение на трудот на самите ученици, и се разбира подршката и организираноста на нивните настаници, кои се трудат да помогнат во развивањето и покажување на нивниот квалитет, и она за што тие најмногу го изразуваат од нивна страна – ни изјави директорот на ова училиште г-дин Фадил Исламоски.
Конкурсот на ликовни творби “ Светот низ бројки “ беше објавен на 1,јуни по повод Денот на македонската статистика, и тој се однесуваше за ученици од 5-то до 9-то одделение.
Уште поголем успех за нас како наставници и сатисфакција во оваа наша образовна организација е тоа што од 513 учесници (подносители на ликовни творби), од цела Македонија , нашите ученици ги добија најдобрите награди – ни изјави педагогот Весна Чаторошкоска.
Уште еднаш во име на вработените во ова образовна установа, на нашите ученици, добитници на овие значајни награди како за нив така и за нас, како наставници, би сакал да им честитам на постигнатиот успех, и посакаме уште повеќе награди за нивниот вложен труд – ни надополни директорот Фадил Исламоски.
Во ова пригода и редакцијата на Дубаи Портал, на горе наведените ученици им честита на постигнатиот успех, посакувајќи им се најдобро во иднина и уште поголеми успеси и награди за нивниот труд, што го вложуваат а нас како Подгорчани да се гордееме што имаме вакви ученици и деца, а се надеваме дека уште ќе имаме и ќе ни даде оваа населба.

Dubai-portal.com.mk









