Почитувани ! 

Пред нас е најдрагиот месец за секој еден верник муслиман, муберек месец Рамазан. Тоа е време кога секој чесен човек, верник и постач, ќе ја почувствува убавината на вистината, правдата, чесноста, сомилоста и братската љубов.
По тој повод, Месната организација на СДСМ-Подгорци и Социјал Демократската Младина на Македонија (СДММ) – Подгорци на сите верници од исламска вероисповест им упатуваме честитка и од срце им посакуваме месец Рамазан да го поминат во здравје, хармонија во своите семејства, во џемаатот и окпружувањето во кое живеат. Нека мубарек деновите кои настапуваат Ви донесат мир, благосостојба, семејна, деловна и секоја друга среќа и задоволство.
Во нашава земја, деновите на мубарек месец Рамзан се слават на традиционален начин, со отворено срце, желби како и заднички дружења на ифтар и онака како што доликува за еден ваков благословен месец.
Само силна заедница гарантира стабилност и добробит на нашата единствена татковина Македонија која на сите ни е гаранција за опстанок и развој. Кога заедницата е силна и потпрена на вистински традиционални вредности, тогаш таа е подотвена и на било какви предзвици од било каков вид.
РАМАЗАН ШЕРИФ МУБАРЕК ОЛСУН
Месна Организација  СДСМ-Подгорци
ЛК на Социјал Демократската Младина на Македонија – Подгорци

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here