(Видео+Фото) Од 16-та традиционална посета на исламските верски институции и културно историски споменици во Р.Македонија

0
250

Во рамките на традиционалната посета на верските институции, како и културно историски споменици, во Р. Македонија и оваа година во организација на Џамискиот Одбор при џамија Подгорци, по 16-пат, талебињата (учениците) кои посетуваат веро наука во ова верска установа (џамија) во придружба на  имамот Џеваир еф. Сефоски, членот на џамискиот одбор Демиш Мавмудоски, и представник на Дубаи Портал Исо Демишоски имаа можност уште еднаш да ги посетат верските установи и културно историски споменици, и се разбира запознаат со активностите на претставниците во овие исламски институции и организации.

Како и секоја година, така и оваа по 16-пат како награда за вложениот труд на нашите талебиња, кои во текот на целата година посетуваат веронаука во нашата џамија, одлучивме да ги посетиме верските објекти (медреса, факултети и други исламски) институции со што од поблиску би ги запознале нашите талебиња со начинот на работа на овие институции, а се разбира и запознаеме со културно историските споменици кои што ни се оставени како наследство – ни изјави имамот на џамијата во Подгорци Џеваир еф. Сефоски.

Како член на џамискиот одбор на џамија Подгорци, сметам дека ваквата традиција треба да продолжи и понатаму, со што ваквите организации и институции на нашите талебиња, кои посетуваат веронаука во нашава џамија, би им биле поблиски, и се разбира запознаат со сето она што истите им гу нудат, а како што напомена нашиот имам Џеваир, истовремено запознаат и со културно историските споменици кои ни се оставени како наследство – ни изјави Демиш Мавмудоски, член на џамискиот одбор на населба Подгорци.

Во ова пригода би сакал да им се заблагодарам и на сите оние кои како и секогаш ја помагаат оваа наша традиција, а истовремено на топлото добредојде и се што ни овозможија при нивната посета, во мое име и во име на џамискиот одбор на населба Подгорци, би сакал да им се заблагодарам на г-динот магистер Шаќир Фетаху, муфтија на ИВЗ-Гостивар, хафизот Јусуф Џеладини, муфтијата на ИВЗ-Тетово др. Ќани Несими и Таџудин Хамиди – референт за вакуф, и поранешен имам на населба Лабуништа.

А, ние почитувани, во подолжение од оваа информација Ви прикажуваме фотогалерија и видо материјал од оваа наша традиционална посета на исламските верски институции и културно историски споменици во Македонија.

   

dubai-portal.com.mk

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here