Почитувани !

Имајќи ја во предвид моменталната политичка,економска и друг секаков вид на можна ситуација, ситуација која во секој случај е трагична и жална, како за нашаве населби така и за целава држава, ја изразуваме нашата огорченост, особено после денешните информации кои пристигнаа до нас МО – СДСМ Подгорци.

Имено (не) народната власта не имајќи ја во предвид човечноста и достоинството на секој еден наш граѓанин, се дрзнала да ги уценуваат нашите браќа, роднини, и пријатели од нашиве населби со отпуштање од работни места, како и закани за сопствениците на фирми на кои има дала некаков си “добронамерен“ кредит под “итно“ да учествуваат на вечерашниот контрапротест во Скопје, и под закрилјата на таквите закани да покажат дека народот ја подржува оваа (не) демократска власт, или во спротивно знаеле што ги чекало.

Како и да е со жалење констатиравме дека наши сограѓани без и било каква воља, вечерва принудени се да учествуваат на овој (не) народен контрапротест кој власта преку закани ќе успее да го спроведе и прикаже нереалната слика .

Покрај тоа би сакале на сите наши сограѓани од нашиве населби да им укажеме да не подлегнуваат на ваквите притисоци кои оваа диктаторска власт во текот на деновиве кои претстојат ќе ги спроведува, како врз сите оние кои ги вработила за да им служат како луѓе кои ќе им носат само гласови, така и кон сите оние кои ќе им застанат на патот и укажат дека дошол нивниот крај

МО – СДСМ Подгорци ги повикува сите наши сограѓани Подгорчани, Лабуништани, Октишани, Боровчани, еднаш засекогаш да му кажат стоп на ваквите активности на оваа власт, и истраат во заедничка победа за сите нас за Македонија ! Исто така апелираме и до сите оние кои ниту припаѓаат на било која политичка опција (партија), да ни се придружат во заедничката борба за конечно ослободување од ова тиранија.

Покрај тоа, МО СДСМ-Подгорци, им стои на располагање на сите наши сограѓани, имајќи ја во предвид започнатата активност за откривање на вистинското лице на оваа (не) народна власт, доколку сметаат дека врз нив на било кој начин се врши притисок, заканување или нешто слично, или пак сметаат дека се повредени нивните човечки права и достоинство, да се обратат до претставниците на МО СДСМ -Подгорци, каде заеднички со претставници на функционери на СДСМ ќе се обидеме да изнајдеме соодветно решение и заеднички застанем на браникот, и остварување на нов почеток, и нова слобода за сите нас.

Со почит !

МО СДСМ- Подгорци

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here