Водна Заедница Подгорци : Известување и Демант на изнесени шпекулации и лаги

0
249

ИЗВЕСТУВАЊЕ

За граѓаните на населено место Подгорци

Почитувани граѓани на с.Подгорци, пред неколку дена, на интернет порталот WWW.PODGORCI.INFO ( линк за посета на објавена дезинформација ) осамна текст под наслов: „РАЗБУДЕТЕ ЈА СВЕСТА И КОРИСТЕ ЈА ВОДАТА НА ПРАВИЛЕН НАЧИН„, припремен од лицата Денис Авмедоски и Едис Мемишоски од с.Подгорци, кои затскриени под псевдонимот „Група загрижени граѓани“, преку овој интернет портал објавија текст полн со шпекулаци, лаги, лажни обвиненија и клевети, насочени кон надлежните во Водна Заедница ПОДГОРЦИ од с.Подгорци, и Месна Самоуправа Подгорци. Во тој текст беа поставени и неколку прашања, па од името на Водна Заедница ПОДГОРЦИ од с.Подгорци, како и од името на Месна Самоуправа Подгорци, како засегнати страни го даваме следното известување и во одговор на поставените прашања го изјавувуваме следното:

  1. ЗОШТО, И ПО КОЈ ОСНОВ ПОКРЕНАЛЕ ПОСТАПКА ЗА ЛИКВИДАЦИЈА НА ВОДНАТА ЗАЕДНИЦА?
  • Имено, Владата на Р.Македонија, со проектот за унифицирање на сите водни системи за наводнување во Р.Македонија, формира Акционерско Друштво „Водостапанство на Р.М.“, кое заедно со 12 подружници треба да управува со сите водни системи за наводнување на територијата на Република Македонија. Согласно оваа програма донесен е Закононот за престанување на важењето на Законот за водните заедници (сл.весник на р.м 75/15 од 05.05.2015 година), а со ставањето вон сила на Законот за Водните Заедници, и формално престануваат да постојат сите  Водни Заедници во Република Македонија.

Во врска со се погоре наведено, ноформираното А.Д. Водостопанство на Р.М. во државна сопственост, подружница „Црн Дрим„ Охрид, како регионална придружница која ги превзема сите ингеренции на сите Водни Заедници регистрирани на територија на Општините: Струга, Охрид, Дебар, Кичево, Ресен, Општина Дебарца и Општина Вевчани, по службена должност поднесе предлог за ликвидација до Основните Судови месно надлежни за овие територии, за сите Водни Заедници, меѓу кои и за Водна Заедница ПОДГОРЦИ, од с.Подгорци. Согласно тој предлог Основен Суд Струга на ден 04.01.2016 година вон рочиште, донесе РЕШЕНИЕ за ликвидација на Водна Заедница ПОДГОРЦИ од с.Подгорци.(во прилог на текстот го постираме Законот, Решенето за Ликвидација и Решение од ЦРМ за бришење на субјект). Само за информација на граѓаните на с.Подгорци, Водната Заедница ПОДГОРЦИ, од с.Подгорци, е единствената Водна Заедница на цела територија на Р.М., која работела согласно законите и прописите во Р.М. и реализирала значајни проекти за граѓаните на оваа населба како:

–          Игзрадба на брана на Подгоречко Езеро.

–          Четири илјади метри каналска мрежа низ Подгоречко Поле.

 

 

Заради поцелоснои информации на граѓаните на Подгорци, ве информираме дека сите комунални активности кои досега ги обавуваше Месната Самоуправа Подгорци, во кои што влегуваат: Водата за пиење, Собирање на смет, Оддржување на канализационата мрежа и други комунални дејности и понатаму остануваат во надлежност на Месна Самоуправа Подгорци.

Со укинувањето на Водна Заедница „ПОДГОРЦИ“ од с.Подгорци, се доведува во прашање функционирањето само на системот за наводнување на ПОДГОРЕЧКО ПОЛЕ (вадење на нивите) за кој што проблем бараме соодветно решение во разговори со регионалното подружница Црн Дрим Охрид, кое што е единствено надлежно за системите за наводнување на оваа територија од Р. Македонија и можеме да ве информираме дека сме на добар пат како и многу патидосега да дојдеме до решение кое е најдобро за населбата.

Исто така Водна Заедница ПОДГОРЦИ од с.Подгорци и Месна Самоуправа Подгорци ги известува граѓаните на Подгорци дека пошироки информации во врска со оваа состојба ќе бидат презентирани на Јавен Собир на Граѓани кој ќе биде организиран во поскоро време. А исто така од надлежните на Водна Заедница ПОДГОРЦИ од с.Подгорци се известуват шпекулантите и мунафиците погоре наведени, дека во врска изречените клевети највероајтно ќе добијат и покани од надлежен Суд, каде ќе бидат повикани да го докажат она што го напишале во текстот.

Со почит.

Водна Заедница „ПОДГОРЦИ  од с.Подгорци.

Совет на Месна Самоуправа -Подгорци.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here