И оваа година, како и сите претходни,со најавата на пролетните температури, подгорчани ги најавија подготовките за претстојната овогодинешна земјоделска сезона -сеидба.
Веќе неколку денови се забележува се поголем број на наши соселани кои со расчистување на меѓите,(межди), палење на трњето, распостирање на гној, како еден од традиционалните начини за ѓубрење на површината, сакаат да покажат дека се верни кон ова традиција вредните на обработка на земјоделските површини, без разлика кој што ќе засади (пченка, јонџа идр..) уште еднаш да докажуваат дека она што господ го дал треба да се обработува, и не остава да пропаѓа, бидејќи а за секој труд господ дава плод и награда.
Како и да е, и оваа година подгоречкото поле како гостин се радува на присуството на своите жители- посетители, заборавајќи на моменти на брмчењето на тракторите на трактористите кои како и секогаш во овој период, се наоѓаат на стартна позиција, влеќејќи ги своите плугови и подготвувајќи ја површината за она што подгорчани сакаат да го засадат, се разбира радувајќи на посакувањето на пријатна работа и берикет, со ( аирилија работа, пунембар идр..)
А, ние почитувани, во прилог Ви прикажуваме дел од фотографиите кои денес успеавме да ги забележиме од преубавото Подгоречко поле, односно дел од активностите на нашите подгорчани, и на крај да им посакаме како што се вели : Аллах бериќет, и здравје за сите оние мои соселани кои решиле да учествуваат во годинешнава земјоделска манифестација, и иншала за тоа да бидат наградени со она што ќе го засадат и посакуваат да имаат.










