Како што пишува и објаснува самиот наслов, и официјално денес во делот од населба Подгорци познат како Ајдароска маала се започна со асфалтирање на овој дел кој воедно поврзува влезови и излези кон  населба Лабуништа и Струга (Општина Струга).

Од тука на самиот почеток би сакале да ја поздравиме секоја ваква активност која се извршува за доброто на народот (камо да има вакви уште многу).

Меѓутоа,како и секогаш од засега необјасниви прични, на наше инсистирање за жал не ни беа дадени потребните информации за тоа, за колкава должина станува збор и сите други податоци, поврзани со оваа активност (асфалтирање) кои на еден наш граѓанин би го интересирало.

 

Најпрво да го поедноставиме овој наш текст за сите оние кои за жал секогаш на некој начин намерно или нё, ги искривуваат информациите, или пак погрешно разбираат ( толкуваат), или пак се однесуваат онака  како што вели народот ’како кому му пасира’.

Изведувач на оваа активност е Општина Струга, институција која без разлика им припаѓа на сите и како таква треба да одговара на потребите на сите граѓани, заради тоа што истата ја гласале сите наши граѓани, а не само дел од населба.

Буџетот на оваа Општина се полни со наши пари, од нашите фирми и други институции,како и физички лица од кои им се наплатува за одредени општински услуги. ( плаќаме сите, на оној или овој начин).

Што значи дека сите граѓани, и фирми во Општина Струга, го полнат буџетот на ова општина, и од тука со рационално раководење, секоја една општина треба на овој или оној начи да ги решава инфраструктурните потреби во населбите кои ја сочинуваат.

За повеќето жители на населба Подгорци, сеуште им е несфатливо зошто како и сите други политички партии, па еве и оваа “наша“ општина, не се обидоа рационално да го решат овој проблем кој е доста значаен за населба Подгорци. Имено самиот влез кон населба Подгорци (приклучување од делот викан орешки) за жал, оставен е онаков како што е и ден денес. Во повеќе наврати сме пишувале за ваквата состојба на овој пат кој се користат од страна на сите жители, на ова населба.

Не сфатливо е зошто работите не одат по ред она како што треба, обично секогаш се тргнува од приоритетните па потоа кон другите проблеми.

 

Ваквата состојба на овој пат веќе со години  оставена е ваква каква што е, и “нашата“ Општина сигурно е запозната со состојбата на овој пат, бидејќи по него поминале голем број на раководители на оваа Општина,како поранешните така и сегашните, можеби овие сегашните сега не ги почувствувале отворите (дупки) на асфалтната подлога, која пред неколку денови со сопствени средства ги затвараа вработените во Месната Самоуправа – Подгорци, ама нејсе ,такви сме, понекогаш некои за малку а некои за повеќе, многу брзо забораваат, ама ние сме тука и ќе продолжиме да потсетуваме и да го бараме она што ни припаѓа.

Се надеваме дека Општинските органи со ваква активност ќе одговорат и кон другите делови на населба Подгорци, односно Подгорци не се состои само до Ајдароска маала, туку тука се: Орешки, Баир Маала, Имеровци, Шумадија, Костење и други делови во кои живеат луѓе кои ја подржале на (избори) гласање оваа општина и која им должи на сите граѓани а не само на поединци.

Доколку општинските органи навистина имаат соодвета намера да ги реконструираат и другите делови на Подгорци, тогаш навистина ваквата активност како и оваа денешната треба да се поздрави, како и сё друго што се прави за народот.

Доколку пак (не дај боже) политиката замешала прсти, и некој се става за поприлигиран од другите во оваа наша населба а тоа за кратко излегува на повидок, тогаш Подгорчани знаат кога и како треба да се одговори (избори), и се разбира тоа да оди под мотото (крпена дупка, крпен глас.)

Уште еднаш ги поздравуваме сите вакви активности и очекуваме дека наскоро општина Струга ќе одговори онака како што треба и кон останатите нејзини населби и жители бидејќи….

ПОДГОРЦИ Е:

Орешки, Автобуска, По Џамија, Ајдароска маала, Баир маала, Имероска Маала, Ориште, Шумадија,Поповци и др…..

 

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here