Соопштение за јавност.
МО-СДСМ -Подгорци ги известува граѓаните на населба Подгорци, како и симпатизерите и членови на Социјал Демократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ), дека по повод свеченото отварање на Месен штаб на СДСМ-Подгорци на ден 17.03.2016 , (четврток) 16.30 часот, во нашава населба ќе претстојува Заменик претседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска.
Во текот на планираната средба, Шекеринска накратко ќе биде запозната со моменталната ситуација во нашиве населби, а, се разбира ќе има и свое обраќање преку кое ќе ја образложи моменталната политичка, и економска состојба во која се наоѓа нашата земја, и сите други проблеми со кои моментално е соочена Република Македонија.
На средбата свое обраќање ќе имаат и претставници на МО-СДСМ- Подгорци, кои е предвидени накратко да ги запознаат граѓаните сон предстојните активности поврзани пред се со претстојните избори на 5.јуни 2016. година.
Со Почит!
МО СДСМ-Подгорци











