И оваа учебна година по втор пат во ООУ,,Гоце Делчев,,-Подгорци,Струга се организира училишен научен саем и базар во рамки на реализацијата на проектот ,,Заедничка грижа за правилно насочување на учениците,, со цел зајакнување на врската ,,родител-ученик-наставник преку која ќе се овозможи јакнење на воспитната компонента во воспитно-образовниот процес во училиштето.
На овој настан беа претставени три сегменти од работата на училиштето и работата на родителите:
– Научен училишен саем на кој беа презентирани 11 штандови по предметни наставни подрачја со активности и трудови од тековната наставна и воннаставна работа на учениците со наставниците.
Нашите ученици се нашата гордост, нашето утре и нашата иднина. Во секој ученик лежи некаков скриен потенцијал, талент или некаква дарба и токму на овој настан тоа излезе на виделина. Тие беа научници, наставници, домаќини …. Особен интерес кај присутните побуди етнолошкото катче каде беа презентирани фотографии на стари градби од населбата, стари предмети, носии и обичаи специфични за културното поднебјето и традицијата на нашата населба.
– Училишен базар на кој беа изложени сувенири, украси и рачни изработки
изработени од учениците и родителите во соработка со одговорните наставници на претходно организирании креативни работилници наменети за продажба.
– Исто така на базарот беа изложени за продажба производи за храна подготвени од вештите раце на мајките и бабите од учениците кои несебично ги покажаа своите кулинарски способности.
Училиштето изразува голема благодарност за интересот и учеството на родителите на овој настан. Со собраните финансиски средства од базарот ќе се набават нови технички помагала за унапредување на наставата, преку ангажман на советот на родители со што се очекува да се подобрат постигањата на учениците.
Напоменуваме дека со средствата собрани од минатогодишниот училишен базар училиштето набави училишна монтажна бина која беше неопходна и значајна за реализација на културно образовните активности во училиштето.
ООУ“Гоце Делчев“ – Подгорци
dubai-portal.com.mk









