(Видео) Од посетата Зоран Заев на Подгорци, и неговото пречекување од Подгорчани, или како што рекоа Подгорчани “ за човекот од народ-за народ“

0
272

Добре ни дојдовте во Подгорци, г-дине Заев!

Со овие зборови  Претседателот на СДСМ г-динот Зоран Заев беше дочекан на влезот во населба Подгорци познат како “автобуска“. Со некаде над стотина граѓани. Меѓутоа населбата Подгорци со својот дел познат како “Ориште и Горно Ориште“ дополнително го изненади  г-динот Заев од бројот на Подгорчани кои излегоа да му посакаат добредојде ,на човекот кого посебно го ценат и респектираат, или пак како што рече еден наш сограѓани “за човек од народ за народ“. За  бројот на присутните  нема да трошиме зборови, односно тоа ќе ги покаже самото видео, а подоцна и самиот Заев да ни изјави дека е многу пријатно изненаден од самиот пречек и дека воопшто нема потреба од зборови.

Г-дине, Заев Подгорчани знаат кого и како да пречекаат, ние имаме доверба во вас и начинот на кој се борите против злото во нашава држава, ние сме со вас и  знаеме како да ви возвратиме на оваа чест со вашето присуство ни го приредивте, и се разбира успеавте  да го направите она што можеби го немало во поранешните пречекувања на некои политичари, како што гледате во редовите од луѓе како би се поздравиле со вас нё има и стари и млади – изјави еден наш Подгорчанец во моменот кога се поздравуваше со г-динот Заев.

Вие сте нашиот премиер, и во секој случај ја имате нашата подршка, само продолжете како што тргнавте, ние како омладина на Подгорци, а се надевам и она на цела Македонија стои зад Вас во борбата за конечна слобода и почеток на нов ден за Македонија и сите нас – му беше пренесено на г-динот Заев при прошетката низ Подгорци.

А, ние почитувани посетители на Дубаи Портал, не би можеле повеќе да издвоиме простор за сите коментари на нашите Подгорчани во разговорот со г-динот Заев, односно не би имало и простор. Од тука Ви  препорачуваме во неколкуте минути да го погледнете видеото  кое ќе ви каже сё, односно како Подгорчани го пречекаа г-динот Заев, притоа оставајќи порака до останатите политичари како се дочекува еден лидер и човек, односно како што претходно ни изјави еден наш сограѓанин “за човек од народ, за народ“ и како треба да изгледа еден вистински лидер, и негово пречекување.

А, господинот Заев вети дека секогаш ќе биде со народот кој го почитува, и кој го подржува во ова борба против злото, и дека наскоро ќе има нов почеток за сите нас, за цела Македонија, можеби наизглед ќе изгледа тешко, ама овој народ знае и како треба да се истрае до конечна победа, победа за сите нас,- надополни г-динот Заев.

dubai-portal.com.mk

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here