Имајќи ја во предвид долгогодишнаата состојба на овој пат на населба Подгорци, а кој може да биде од голем корист за жителите на ова населба, се одлучув да преземам соодветна активност околу негово санирање, и овозможување на слободно движење и за полесните моторни возила (автомобили), ни изјави г-динот Реџо Адемоски, кој денес со својата механизација вршеше санирање на дел од патот кон населба Подгорци кој се надоврзува на локалниот пат преку кој Подгорци се поврзува со Лабуништа и обратно.

Ова санирање на моја ицијатива го започнав пред неколку денови, и веќе еве како што гледате , се недевам дека уште денес ќе привршам со расчистување, мали ископувања , како и проширување на делови од овој пат.

Се разбира изработени се канали за одведување на атмосферската вода која може да предстои во наредниое период, а на одредени места поставувани се и цевки преку кои надојдената вода ќе биде одведувана на соодветно место.

Следната фаза од санирањето на овој пат ќе биде сведена на поставување на тампон (тампонирање) со што дополнително ќе се подобри подлогата на овој пат.

Моменталната должина на овој пат кој се санира, а преку кој со неговото санирање ќе се овозможат  олеснителни околности да се заобиколи населба Подгорци, и избегнат гужвите, односно направи уште една олеснителна околност за влегување и излегување од населбата  посебно за поврзување на ндел од населбата позната какко Баир маал и Шумадија па  и кон останатите делови на населба Подгорци се протега во должина од некаде 800 метра.

На наше прашање, бидејќи како и секоја активност така и оваа бара соодветни финансиски средства, г-динот Адемоски ни изјави дека сите трошици околу оваа октивност односно околу 95% ги сноси самиот освен оние 5% мала донација на Месната самоуправа Подгорц, за набавка на речиси половина камион тампон, кој е мноу мала релативна колина за тампонирање на подлогата на патот, односно како што е предвидено.

Во ова активност која се надевам дека ќе ја завршам најкасно денес или утре, а вклучен сум јас, самиот, ги повикувам и другите граѓани кои имаат желба да помогнат на било кој начин, слободно можат да го изразат тоа, бидејќи ова е пат кој денес или утре ќе ни затреба на сите , имајќи ја во предвид изградбата на нови објекти во овие делови, како избегнување на сезонските гужви во населбата – ни изјави на крај Реџо и продолжи со совојата механизација со санирање на патот, или какоо што вели тоја да се искористи времето додека нё служи.