Официјално ЕВН започна со втората фаза и последна од активноста која што ја започнаа пред неколку месеци, а се однесуваше на поставување на подземни електроводови во делот нанаселбата позната како Автобуска.
Ова е последната завршна фаза со која се предвидува да се санираат деловите од линијата каде што беа вршени ископи за поставување на електричните инсталации.
Се надеваме дека во текот на денешниов ден доколку нема проблем или нешто слично да ја завршиме главната линија околу селскиот главен пат, а доколку успееме ќе се обидеме со асфалтирањето (санирање) да продолжиме и со асфалтирање на кракот кој води од главниот пат кон долна маала, доколку пак не успееме тогаш останатиот дел ќе биде до саниран во текот на утрешниот ден – ни беше изјавено од страна на еден од изведувачите на ова санирање, и завршување на целосниот прокет на ЕВН-Пoдружница Струга.

