Нашата цел уште еднаш како и многуте пати е во разговори со граѓаните да им укажем на сите неправилности и незаконски работи , кои за жал денес се спроведуваат во оваа наша заеднича држава Македонија, од страна на оваа ненародна власт, и заедно согледаме проблемите кои го тиштат овој народ.
Вие знаете дека во Подгорци веќе сме присутни неколку пати, тргнувајќи кога во ист како денешниов пазарен ден бевме присутни со овие Вас, тогаш со “Вистината за Македонија“, па пота во месец септември заедно со членови на СДСМ- Струга каде уште еднаш ги согледавме сите оние проблеми и се разбира потребите на граѓаните на оваа населба.
Како што гледате денес повторно сме во Подгорци, овој пат со “Визијата за Македонија“, значи не сме заборавиле на Подгорчани, и се разбира нема да заборавиме. Овде сме денес да им ја претставима нашата Визија за Македонија, се разбира како визија за подобро утре на сите нас – Ни беше изјавено од страна на представници на СДСМ- ОК Струга.
Од тука предлагаме и граѓаните на ова населба да се вклучат со свои идеи и предлози, се разбира важен како за нив така и за иднината на Македонија.
Дека оваа власт на вистина се грижи само за себе и своето опстојување , а не за добротона народот кој божем од „љубов“ им ја дал довербата, Вие како Подгорчани најдобро го почувствувате тоа . Би сакале да напоменеме дека како и за многуте други населби така и за населба Подгорци , доколку се сеќавате пред да се донеси буџетот на Р.Македонија од страна на нашиот пратеник Јован Митрески беше поднесен еден од предлозите кои ни беа понудени од страна на Подгорчани, а се однесуваше за изградба на “Емшеровиот Бунар“- (пречистителна станица), и истиот као што знаете не помина и власта не им излезе во пресрет на Подгорчани, а се разбира не ни даде и можност да ги произнесеме и барањата од другите населби.
– Знаевме дека претходно немаше да ни биде прифатено нашето барања, како и било кое од другите останати, ама нејсе, рековме да пробаме, и испадна како што и предвидовме. Оваа власт обично се грижи само за својот интерес, и се разбира уценувања на граѓаните кои ги вработила преку некакви виртуелни вработувања, и што уште не, Во Подгорци досега не направија ништо, освен што вработија неколку свои приврзаници, преку се обидуваат да дојдат до некој сиромашен глас, односно прашајте ги нив кои власта ги вработила како им е , се разбира доколку не се плашат да ви кажат – Вака размислува еден од жителите на Подгорци
Друг жител пак нё уверува во тоа дека и ние треба да го делиме истиот заклучок, дека од нашето прво доаѓање во ова населба пред неколку месеци во ова населба па до денешнава средба ситуацијата едностано само се повеќе се влошува, односно не се сменило ништо и работите никако да тргнат како што треба. – ни изјави Ацо Ѓуроски секретар СДСМ ОК – Струга, делејќи го претходно мислењето со еден жител на Подгорци.
Се разбира ние ја знаеме состојбата и знаеме дека ништо нема да се смени во ниту една населба, освен со одредени мали (мини) проектчиња преку кои ќе се обидат да ја добија довербата на граѓаните, кај кои се повеќе е присутно незадоволството од ваквата состојба во која се наоѓа македонскиот народ чија состојба владините “медиуми“ нашава состојба ја прикажуваат како идеална, ама секојдневниот живот на еден наш жител ја покажува некоја друга вистинска реалност, ( невработеност, сиромаштија, неправда,…. и што уште нё) – надополни г-динот Ацо Ѓуроски.
– Започнуваме нов почеток за нова иднина за секој еден граѓанин и се разбира почеток на нова иднина, заради тоа ги повикуваме и граѓаните да бидат дел од почетокот на една заедничка иднина за подобро утро на сите нас, а не само на одредени поединци. – ни беше надополнето од страна на претставниците на СДСМ- ОК -Струга при нивната посета на населба Подгорци, во разговори со жители на ова населба.
Со видувањата на Подгорчани, денес можеа да се соочат и со нив да поразговараат и останатите претставници на СДСМ-Струга: Советничката Бранкица Мариноска, претседателот и секретарот на Младината, Даниела Ническа и Драган Мечкароски.
dubai-portal.com.mk










