Како што наближува, грејната сезона, односно зимата, покрај сё потешкото снабдување со дрва за огрев, жителите на ова населба, а се надевам дека сигурно истотака се загрижени, и истото мислење го делат и жителите на околните населби, загриженост која  се однесува на неизвесноста и дилемата од тоа како овие населби ќе ја поминат ова зима со електрично снабдување.

Како поминавме минатата година, во зимскиот период ,сигурно повеќето жители воопшто не сакаат да се потсетат, а ниту пак да помислат, од тоа што им беше приредено од страна на ЕВН.

Се разбира само на кратко ќе се потестиме само на неколку зборови “ТОТАЛЕН МРАК И НЕОДОГОВОРНОСТ НА ЕВН“

Кога се бараше одговорност од ЕВН, за таквата состојба (протести), раководните лица на ова организација според активностите спроведени од тогаш до денес,  речиси како ич “од ремен“ да не ги удрила овие наслби, иако се редовни плаќачи на своите сметки 85%. (Овде зборувам за населба Подгорци, а сигурно така е и кај останатите населби).

Плашејќи се од повторување на моменталната слика од лани, нашите граѓани овие денови, сё повеќе посочуваат на проблеми недостатоци  кои траат повеќе месеци наназад, а надлежните од ЕВН никако да обрнат внимание околу нив, иако истите при минување низ Подгоречките патишта, постојани ги бодат во очи, тие замижуваат, и потоа во текот на едно мало невреме, криво ќе им биде времето (зимата) или пак инфраструктурата или пак некој друг фактор, само тие “НЕ“.

Како и да е накратко би сакале да ги потсетиме на оние од ЕВН додека има време за она што гтреба да го поправа, и што претставува нивна должност, бидејќи за тоа всушност и ги плаќаме и за нивните услуги ни наплатуваат.

А, какви се нивните услуги, и колку граѓаните се задоволни од нив прашајте ги жителите, господа ЕВН.

1.Ова фотографија е испратена од страна на еден наш сограѓанин кој укажува на еден сериозен проблем кој во секој момент може да предизвика  одредени материјални и човечки штети.

Станува збор за дотраена бандера во населба позната како “Баир Маал“, која во живот моментално ја држат затегнатите електричн и жици и една ограда, а до кога ќе биде така, само господ знае.

 

 

2. Вече неколку недели наназад жителите на ова населба беа соочени со една од низата активности на ЕВН, која беше проведувана во пресрет на празникот Курбан Бајрам.

Она што тие го оставија во делот од својата работа при спроведување на “кабловскиот систем “ каблирање, за жителите на населба Подгорци, особено на влезот на  населба Подгорци и влезот кон “долна маала“ е само една грда слика во нивниот начин на работење, кој најмногу го почувствува жителите во тој дел, и чие движење кон нивните домови беше попречувано заради нивната неажурност, а се разбира тука се реакциите и на невладините здруженија кои поставија сообраќајни знаци за регулација, а некои веќе се оштетени , и се очекува дали и покрај ветувањата ќе бидат вратени онака како што треба, се разбира како и асфалтната подлога која треба да биде вратена онака како што била претходно, за жал последиците ги чуватсвуваме и ден денес преку потресите со автомобилите преку преминувањето на каналските ровови приредени од ЕВН, а до кога ќе биде така останува да видиме.

 

 

Како и да е ЕВН со ваквите свои актиности, започни остави,недоврши и несанирај, очигледно според реакциите на граѓаните на ова населба со право предизвикува загриженост за предстојната зимска сезона.

Меѓутоа како и да е , тие сепак преку Дубаи Портал, сакаат да укажат на она што ЕВН го остава,или пак не се грижи и се разбира со ваквите укажувања дадде до знаење дека доколку дојде до слична ситуација како онаа минатата зима, нема да имаат никакво оправдување за нивното некаков со оправдување.

Ама нејсе,  жителите сепак  се молат да не дојде до такво невреме, бидејќи повеќеѕо се надеваат и мислат дека ќе ги најде истата судбина како и минатата година.

Реакција на група граѓани/Дубаи Портал.