Имајќи го во предвид интересот за делот од планината Јабланицца, (подгоречка планина) која го опфаќа атарот на оваа населба, во последниве неколку денови, и недели наназад се повеќе се забележуваат активности на разно разни (не) еколошки, (не) владини организации, кои преку разно разни проекти се обидуваат да спроведуваат свои активности во делот на ова планина божем многу се заинтересирани за ова планина повеќе од самите Подгорчани.
Пред неколку недели наназад, имавме можност да го проследиме излагањето на представници на Македонското Еколошко Друштво (МЕД), кое преку своите излагања на средбата во Подгорци, потенцираа дека планината Јабланица треба да стане национален парк, по секоја цена.
Трибина на Македонско Еколошко Друштво (МЕД) во Подгорци
Помина како помина, се крена мала прашина со мало закаснување, откако дефинитивно ни стана јасно кои се намерите на овие представници и што значи нивната иницијатива доколку дојде до реализација на нивниот зацртан план ( прогласување на национале парк), времето си помина а работите од страна на одговорните лица на Подгорци ( Месната Самоуправа, Еколошките друштва и другите Невладини организации од нашава населба), кои би требало да бидат најповикани во ваките случаеви едноставно останаа на нула (0).
И работите тука останаа како што останаа.
Меѓутоа денес, Подгорчани во делот на ова населба познат како (Равење) беа сведоци како представници активисти на ПЕД ЦЕРН КАМЕН 2257, од – Општина Вевчани , согласно нивниот проект за развој на туризмот во југозападниот регион на планината Јабланица започнаа да поставуваат патокази со почеток од делот на населба Подгорци познат како Равење-Бојко, па нагоре низ патеката која тие претходно ј имале зацртано.
Сл.1 (Информативна табла поставена од страна на ПЕД. ЦЕРН КАМЕН 2257, од – Општина Вевчани)
Според нивното барање доставено до Месната Самоуправа, од истава институција се барала локација за одредување на соодветно место за поставување на информативна табла и други знаци во локалитетот Равење или Бојко.
Официјално Месната Самоуправа – Подгорци на нивното барање доставено на 18.09.2015 дава позитивен одговор (дозвола) за поставување, односно реализација на ваквата активност на ова здружение.
Меѓутоа од начинот на кој е започнато спроведувањето на ваквата активниост на ова здружение ПЕД ЦЕРН КАМЕН 2257, од – Општина Вевчани, (пред се имајќи ја содржината, информативната табла , која моментално нема информативен карактер бидејќи истата е празна и ја нема содржината на мапата на планината Јабланици, и како би изгледала таа, освен патоказот на кој стои ЦРН КАМЕН и онаа кон Подгоречкото езеро. Остави простор за разно разни шпекулации помеѓу жителите на ова населба.
За едни ова е многу чудно, тука да се поставува патоказ за овој географски поим ЦРН КАМЕН кој не е во овој дел од населбата, (Горна Белица- Вевчани), односно истиот да биде поставен во дел преку кој на наједноставен начин содејствува со местото ЦРН КАМЕН.
Според други ова е почеток на некоја активност која може да биде, или не биде на штета на жителите на населба Подгорци, пред сё не заборавајќи ги заднинските намери на одредени здруженија кои не се изјасниле во целост за својата активност онака како што треба за да се добие поцелосна слика за нивната намера, дали таа е добра или не.
Тргнувајќи и од фактите на загриженоста и револот на жителите на населба подгорци, особено со активноста на ова здружение од Општина Вевчани, добивме известување дека Месната Самоуправа – Подгорци, официјално и покрај претходното одобрување, ја стопирала реализацијата на активноста на ова здружение, се додека не се прикаже во целост целокупната документација за реализацијата на нивната активност која започнаа да ја спроведуваат денес и не разговара со останатите здруженија кои постојат во населба Подгорци.
За да биде уште посимптоматично Еколошкото Друштво “Гороцвет на јабланица“ од Подгорци веќе пред извесен период наназад е започнато со реализација на проект за обелужување на патеките на движење низ планината јабланица, топонимите, како и другите останати информативни елементи (патокази). Поголемиот дел од информативните патокази веќе се подготвени и уште представува само мал дел за реализација на крајниот ефект од овој проект, односно нивното поставување во деловите на подгоречката планина – ни беше изјавено од страна на представник на ова здружение.
Ние го започнавме овој проект, за формирање и обележување на патеките низ подгоречката планина, онака како што треба, притоа запазувајќи ги сите стандарди да патоказите се совпаѓаат со самата средина, и бидат поставени на соодветни вистински места каде што треба и да бидат, бидејќи како Подгорчани точно ги знаеме местата, имињата-топонимите на ова наша планина, каде треба тие да се наоѓаат, – ни надополни представник на ПЕД.“Гороцвет на Јабланица“.

Сл.2 и 3 (Патокази изработени од страна на Еколошко Друштво “Гороцвет на Јабланица – Подгорци)
Од тука се наметнува прашањето како е можно и дали вопшто постои некаква си корелација, за реализација на еден ист проект од страна на две еколошки здруженија, односно две здруженија да добијат дозвола за реализација за еден ист проект, и каде е потфрлено во сето ова.
Што ќе се случува понатаму, останува да видиме, после носењето на одлуката од страна на Месната Самоуправа да се одржи средба со представници на еколошките здруженија на населба подгорци, (ЕД Тишкинец, ЗОК Амбиција, Гороцвет на Јабланица – Подгорци ) и ПЕД ЦЕРН КАМЕН 2257, од – Општина Вевчани.
Дубаи Портал.









