За дивата неконтролирана сеча на дрво во населба Подгорци ?

0
341

Според информациите упатени до редакцијата на Дубаи Портал, од страна на жители на ова населба, веќе неколку недели наназад, во дел од Подгоречката планина (Јабланица), според нивното мислење се врши неконтролирана сеча на дрва.

Од тука и покрај ваквата тенденција на “злоупотреба“, досега ниту било кое “не“ еколошко друштво кое моментално е регистрирано во населба Подгорци, па ниту самата Месна Самоуправа, не изглегле со свое мислење за сите овие информации кои во последните неколку недели ја имаат окупирано нашава населба, и со тоа се остава простор за различни шпекулации.

Според одредени граѓани, се врши незаконско сечење на дрво, (бука, даб, костен) со што се нарушува  природното богатство на овој предел, и тоа без и било каква контрола на надлежни институции задолжени за ваквите активности.

 

Се разбира во недостаток на информации се појавуваат и различни шпекулации, со што едноставно се повеќе се подгреваат различни размислувања на граѓаните на ова населба.

– Преку цел ден се сече дрво, а навечер се носат со комбиња, трактори, коли и сё друго што може да се искористи за превоз на дрво. За жал овде законот функционира за нашите сограѓани кои со колички носат (трески, суварки и по некое дрвце др..) и на нив се спроведува законот, односно им се укажува на казни од 1.500 евра, притоа одземјаќи им се количките, и заканувајќи со нови пријави, додека од друга страна за поголемата и неконтролирана сеча, таквите институции молчат и не превземаат никакви активности– вака ни изјави вчера еден наш сограѓанин, ревотриран од ваквиот начин на спроведување на законот.

Други пак ваквата активност ја поврзуваат со можноста од прогласување на Јабланица за национален парк, односно со ваквата постапка намерно или не, да се укаже дека Подгорчани ја злоупотребуваат оваа планина , и од тука таквите активности да допринесат за реализација на нивните намери, односно намерите на некои “не“ владини еколошки организации кои го гледаат само сопствениот интерес, и со прогласувањето на национален парк, овој дел да биде контролиран од страна на одредени организации кои би се формирале доколку Јабланица стане национален парк- вака размислува друг наш сограѓанин, кој воедно е револтиран и на здруженијата во Подгорци, кои спред него треба да се укинат да не постојат, бидејќи со ваквото молчење или не активирање во однос на овој проблем за кој знаат, едноставно помагаат за реализација на ваквите активности, притоа потенцирајќи дека и Месната Самоуправа треба да се заинтересира малку повеќе, околу ова состојба која ја окупира неколкуве недели наназад нашава населба.

 

– Ја и воопшто не знаев што се случува во тој дел о нашава планина, цел дел е оголен, однос направена е цела ледина, и немаше да дознам доколку во овој период не излезев во берба на костени, како и сите наши сограѓани кои веќе пред две недели од почнувањето на бербата сё повеќе се револтирани од ситуацијата која ја видоа во тој дел, -ни изјави наш сограѓанин на Подгорци, кој бара под итно свикување на состанок на Месната Самоуправа, па дури и собир на граѓани ако треба , за да се разјасни настанатата ситуација.

Имајќи ги во предвид ваквите информации, за тоа дали се врши дива сеча на дрво или не, и пред сё информациите и реакциите кои се доставуваат до нашата редакција ја повикуваме Месната Самоуправа – Подгорци како и еколошките друштва во населба Подгорци, да излезат на терен каде што моментално се врши “дива“ неконтролирана сеча на дрва и утврди дали навистина се врши таква активност или не.

Или пак излезат со информации дали воопшто преселе некаква активност во ова насока, и овозможи граѓаните да добијат правила и точна информации за овие активности, односно одстранат дилемите за тоа дали се врши назаконска сеча или не.

Dubai-portal.com.mk / фотографии-архива

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here