Почитувани, во прилог на овој текст Ви пренесуваме дел од излагањето(обраќање) на пратеникот на СДСМ, г-динот Јован Митрески, кој на 63-та седница на Комисијата за финансирање и буџет, (21.10.2015) побара издвојување на финансиски средства за изградба на пречистителна станица во населба Подгорци.
Меѓутоа, за жал, како и сите дотогашни поднесени амандмани на ова седница кои не беа прифатени, така и предлог-амандманот за населба Подгорци ја доживеа истата судбина, односно не беше прифатен од страна на Владата на Република Македонија.
Како изгледаше целокупното излагање на г-динот Митрески во однос на овој проблем и каква и колкава е потребата на Подгорчани за изградбата на овој инфраструктурен објект, и кои се неговите понатамошни гледишта и ставови во понатамошното решавање на проблемите на жителите и на останатите населби во Општина Струга (Подгорци, Лабуништа, Октиси, Боровец и другите населени места) , наскоро ќе може да дознаете кога г-днот Митревски ќе ни биде гостин на нашата редакција (емисијата Рефлексија на ДТВ) и запознаете пошироко со неговото и гледиштето на СДСМ за овој дел на Македонија, односно населбите во Општина Струга и понатамошните планови предвидени со план-програмата за решавање на проблемите во населбите и , се разбира и нивниот понатамошен стопански и економски развој.
[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=CUsKwLiKYAk[/embedyt]
dubai-portal.com.mk
