Имајќи ја во предвид сезоната која измина (летна) во која населба подгорци со одредени минимални рестрикции во водоснабдувањето, не од недостатокот на вода за пиење и друга намена, туку пред се од нерационалнито користење на водата од страна на жители на населба Подгорци, нерационално користење кое во одредени моменти ги намали количините на вода потребни за наводнување на земјоделските површини во атарот на населбата, од една страна, како и информациите на одредени “невладини“ организации, тврдејќи дека Подгоречкото езеро е во “хаотична“ состојба, решивме да го посетиме овој предел (подгоречкото езеро) и утврдиме неговата фактичка состојба, односно дали истото како такво е во “хаотична“ состојба, како што некои го претставуваат.
Од тука Ви препорачуваме да го погледнете снимениот видео материјал, и се уверете дека Подгоречкото езеро ниту било доведено, во била каква опасност од исчезнување или намалување на потребните количини на вода за снабдување на населба Подгорци, а уште повеќе во некаква си “хаотична“ состојба или од било какво загадување, како што некои “невладини“ организации го прикажуваа.
Притоа, би сакале да искажеме и благодарност до вработените на Водна Заедница (МС Подгорци) кои помогнаа во реализацијата на оваа наша кратка видео репортажа, притоа исто така би сакале да се заблагодариме за гостопримството кое ни беше укажано од страна на аџи Равман , Исмаил и Касим Адемоски, преку подготвената храна, се разбира приготвена од плодови собрани од оваа планина како дел од нејзиното богатство и она што таа моментално ни го нуди, и со што сё таа располага како и нивното укажување на одредени проблеми за кои подоцна може да се укаже, пред се повеќето присутност опасноста од загрозување на одредени делови од населбата, односно се повеќе актуелната неконтролирана сеча на дрва ( диво сеча), коа според повеќето подгорчани е се поактуелна и зема се поголем замав, пред власта која знаејќи ги затвара очите.
Како редакција на Дубаи Портал, чија политика претставува и грижата за нашите населби, им ветивме дека наскоро ќе биде покренато и оваа прашање за дивата сеча која веќе се повеќе зема замав, без и малку грижа за убавината на подгоречките предели, се разбира активност од страна на одредени поединци, како што рековме горе, познати на надлежните органи, кои за жал во ниту еден случај не превземаат соодветни мерки за спречување на ваквите незаконски активности.
Dubai-portal.com.mk










