Сигурно оние постарите, па и оние малку со средни години, се сеќаваат на овие две чешми.
Спомени кога нашите мајки некогаш со своите родители, сестри и други роднини чекале во редови да перат плачки (алишта), спомени кога невестите полнеле вода, и уште многу други, се разбира убави спомени…
А, тие двете како благословени од бога, и ден денес и покрај одредени пресушени извори,и кога некои пресушуваат, тие сеуште прекосат со своите убави бистри води, течат непрекинато и повикуваат повторно да бидат посетени.
И, се разбира тие биваат посетени во летните периоди кога водата ја нема на нашата чешма или пак, како некогаш а време на месец рамазан се чекало во редови да се наполни некое шише ладна и бистра вода.

За, жал овие чешми како веќе да се заборавени. Иако ја нудат своја благодет, сепак тие оставени се сами да се борат со времето.
Она што може да се забележи од самите фотографии, навистина сите оние кои се сеќаваат на убавите спомени ќе помислат дека тие не го заслужуваат тоа. И дека треба да се превземе нешто со што ќе се уреди просторот околу нив, разубави онака како што доликува.
Да ги сочуваме спомените онака како што заслужуваат, бидејќи како што е тргнато наскоро нема ниту еден таков да имаме во нашава населба, за да нё посети на некое минато, на некое уб авовреме..
Од тука, еве подтикнуваме уште една убава активност, изицијатива за Месната Самоуправа – Подгорци, или пак некој Подгорчанец или Подгорчани, во рамките на своите можности да се помогне во уредување на ова место, онака како што доликува, и заслужува, бидејќи моментална состојба во која се наоѓаат овие две чешми не ја заслужуваат, а заслужуваат да бидат дотерани, уредени како онаа кај автобуската-школа и онаа како кај баир маала.

Да ги сочуваме онака како што доликува и треба, и потсетим на некои спомени кои нё поврзуваат со нив, и најважно во ова тешко време на недостаток на вода да не дозволиме оваа наша бистра вода да протекува низ времето, не искористено онака како што треба да биде.
Dubai-portal.com.mk










