Како и секоја година, така и оваа, како награда за вложениот труд во посетувањето на верска наука во подгоречкиот мактеб, џамискиот одбор при џамија Подгорци, организира еднодневна посета на исламските образовни институции во Македонија.
Во текот на оваа планирана екскурзија предводена од имамот на Подгоречката џамија еф. Назмија Мавмудоски, беа посетени:
1. Муфтивството на ИВЗ-Гостивар во чии рамки опстојува-функционира женско медресе. Овде срдечно бевме пречекани од страна на дел од вработените во ова муфтиство како, пред се муфтијата: еф. Шаќир Фетаху, која накратко не запозна со историјатот на ова медресе кое работи во муфтиство во Гостивар, како и идните планови за проширување на нејзината дејност и збогатување со исламска литература и друг вид на образовни помагала преку кои ќе се збогати познавањето и знаењето на учениците кои го посетуваат ова медресе. Талебињата од населба Подгорци, во текот на посетата исто така можеа да се запознаат и со ученичките кои го посетуваат ова медресе, како и просториите во кои се извршува образовниот процес. Во текот на ова посета на талебињата од Подгорци им беше обезбеден соодветен доручек од страна на ова муфтиство.
Не криејќи го задоволството од ова посета, муфтијата Фатаху оваа информација ја проследи до локалните медиуми, каде во долу наведениот линк Ви ја претставуваме веста за нашата посета на ова муфстивство објавена на локалната ТВ ГЛОБИ:
2.Нашето следно патување го продолживме според планираниот план со посетата на С.И.У “Иса Бег медресето“ во Тетово женски одсек каде бевме примени од директорот на ова медресе кој накратко не запозна со работата и условите кои во однос на образовниот процес ги нуди ова медресе. И овде накратко имавме можност да разгледаме дел од просториите и условите во кои се извршува настава.
3.Дел од програмата за посета на овие институции претставуваше и главното медресе “Иса Бег“-Скопје, каде и овде накратко се запознавме со дел од условите на ова медресе во кое се школуваат голем број на ученици од сите делови на Македонија.
4. Нашите посети на Исламските образовни институции во Македонија го заокруживме со посетата на факултетот за Исламски Науки во Кондово, каде срдечно бевме пречекани од др.проф. Хасан Џило, човек кој Кур`анот го преведил на повеќе јазици, како и преведување на поголем број на книги и исламска литература. Во текот на ова посета накратко бевме запознати со условите на овој факултет и она што тој го нуди, преку излагањето на г-динот Џило.
Останатиот дел од времето на нашата екскурзија беше искористена во посета на Мустафа Пашината џамија, и останати делови на град Скопје.
Во ова пригода, Џамискиот Меџлис (Одбор) на Подгорци, им се заблагодарува на сите оние кои помогнаа во реализацијата на ова традиционална екскурзија на нашите талебиња со цел запознавање и посета на исламските образовни институции на Македонија, како и на представниците на тие институции кои овозможиа пречекување на нашите талебиња и запознавање со нивните иснтитуции.
А, ние почитувани во прилог на овој пост, преку забележаното видео на Дубаи Интернет ТВ, Ви прикажуваме дел од оваа посета на исламските институции, притоа и ние да ја искажме благодарноста на џамискиот одбор на џамија Подгорци кои нѐ поканија да бидеме дел од овој настан.
Dubai-portal.com.mk









