Најпрво, благодарноста му припаѓа на Возвишениот Аллах што ни даде можност и оваа година заеднички сите како едно да го дочекаме и овој наш голем исламски празник Курбан Бајрам.
Ова е празник кој ги исполнува срцата на сите оние вистински верници, време кога треба да се помогне онолку колку што се може или барем малку да се сочувствува со оној кој нема.
И, оваа година еве го дочекавме и овој Курбан Бајрам, малку потешко за многумина кои не навикнале да одат на Сабах намаз, ама празникот си е празник, па еве Аллах даде сила и утринава нашата џамија да биде полна, како што велат џамијата е полна, мејтепот е полн, и ке Минтас-а е полно.

Некои дојдоа на сабах намаз, некои подоцна кога се клања Бајрам намаз, ама како и да е заеднички барем за момент се почувствуваме како едно, можеби не како една целина, за тоа што недостасуваше уште еден дел, а тоа се оние наши роднини и пријатели (печалбари) кои ја немаа таа можност да бидат дел од ова наше заедничко прославување на овој на Курбан Бајрам.
Ама, иншала наредната година во нашиот иден Рамазан Бајрам или Курбан Бајрам ќе бидеме заедно и заедно да ги споделиме овие наши бајрамски денови, онака како што доликува.
А, ние за крај уште еднаш низ неколку фотографии само делумно ќе Ви прикажеме дел од нашиов овогодишен Курбан Бајрам, се разбира да ја искористиме и можноста, да им посакаме се најдобро најпрво и на оние кои не се покрај нас (печалба), иншала овие денови да си поминат заедно што поубаво, се разбира да им посакаме добредодјде и на оние кои пристигнаа во нашиве населби, и за крај една честтитка од Нас (редакцијата на Дубаи Портал) : “ НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ, СРЕЌЕН КУРБАН БАЈРАМ ИНШАЛА ДА СИ ДОЧЕКАМЕ И НАРЕДНАТА ГОДИНА“












