Да се догради (крпи) ?, или гради?

0
373

Она што денес како инспирација ни даде да напишеме-објавиме еден ваков текст, беше веста која беше објавувана на одредени сајтови, и замислете вест која се однесува на населба Лабуништа и гласи вака:

“Ќе се доградува амбулантата во Лабуништа“

– Во ова населба сеуште сё нешто се доградува. Да се доградува тое е во ред и нормално. Ама кога се доградува нешто што воопшто нема потреба од доградба односно повеќе се пројавува потреба од изградба на ново, е тогаш тука нешто навистина чини.

Како што веќе пишуваше во еден од текстовите кој се однесуваше на ова вест, вели дека населба Лабуништа со 12.000 жители имало потреба од доградба на Амбулантата во ова населба.

амбуланта2

Замислете населба со 12.илјади жители сеуште се влече со стара амбуланта, на која секогаш кога се подготвуваат некакви си избори или слично, сё нешто се доградува, пред некој период се поставуваше нова фасада, сега некаква си доградба, и замислете сето тоа на еден стар објект кој веќе го поминал својот век, и секогаш на него како некоја огласна табла оние кои сакаат да добијат некој поен (глас) лепат по една сиромашна донација, демек еве сё мисли и на Лабуништани.

Според било какви стандарди дали една ваква населба сеуште треба да се влечи со ваква една амбуланта, населба со над 12.илјади жители и плус во постојан пораст, најдобро ќе беше горниот наслов да се заменеше со :

“Во Лабуништа ќе се гради амбуланта-болница “

Познавам и сум бил во градови кои со 20.илјади жители имаат и клиники, и болници, а за амбуланти само во дредени предградија со 1.000 до  2.000 жители. А нашево Лабуништа како да заслужува само за една минијатруна амбуланта. А, да биде трагедијата уште поголема таа сеуште се наоѓа под капата на медицинска установа која не е под капата на општината во која припаѓа и самото Лабуништа. Ама нејсе да не се мешаме со таква политики, а можеби ќе дојде време и за тоа.

Овде станува збор за ниското вреднување на Лабуништани, како од државата така и од општинските органи. Нека барем малку самите Лабуништани направат една анализа за одредени места и градови низ македонија каде бројот на жители е колку овој кај нив, што имаат тие, односно дали сеуште се занимаваат со амбуланти, и каде и покрај тоа што бројот на жители (наталитетот) константно опаѓа сепак се градат нови, болници, амбуланти, домови и што уште не..

Очигледно е дека многу брзо се заборава, она што поминало и кој се играл со вреднувањето на нашите Лабуништани. Само погледнете го местото (просторот) околу кој се наоѓа ова амбуланта дали одговара за било каква доградба или повеќе за нејзино уривање и започнување на нова.

Дека станува за медицинска установа, човек едноставно кога би ја погледнал тешко ќе погоди дека станува збор за ваква установа, ѓубре, зарастена трева и трње, застарени и урнати потпорни зидови и што уште не, едноставно ќе се помисли дека повеќе наликува на некаква продавница, магацин или недај боже некаква кладилница..

Овде не станува збор за омаловажување на некаква си установа, туку прикажување на реалната состојба на просторот и на ова установа. Слободно посетете ја и ќе се уверете.

Меѓутоа за жал заради ордедени ситни вработувања, и ситни интереси, нашите Лабуништани се влечат наназад и оставаат уште со нив да се манипулира како со некакви си марионети, чија човечка вредност се вреднува на нула, а дали ќе биде под нула тоа останува да се види.

Нашата цел овде е да го искажеме нашето мислење дека населба Лабуништа заслужува за Болница,нли колку за утеха, една амбуланта, ама нова, а не крпена како оваа сеуште со крпени зидови, фасади и било какви надоградби.

А, Вие драги мои браќа и пријатели Лабуништани замислете дали сеуште заслужувате оваа ваша амбуланта да се крпи, или повеќе заслужувате онакво нешто како што му припаѓа на една ваква населба.

Ако мислете дека и амбулантата е добра, и треба да се доградува, тогаш тоа нека остане така, ама мислам дека треба да биде обратно.

dubai-portal.com.mk

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here