После нашата кратка средба и запознавање со хуманитарните активности, на волонтерите (доброволци) во една од нашите емисии посветена на нивните активности, кои несебично се одлучија да им помагаат на бегалците кои пристигниуваат на територија на Македонија, притоа незаборавајќи и на сите оние (фирми, и други лица) кои одлучиле со својот допринос (донација) да помогнат, Дубаи Портал имаше можност да присуствува на еден ден од нивната активност во ваквото помагање и реализација на хуманитарната, и човечка активност како потреба за помагање и намалување на страдањата на овие луѓе.
Од она што беше забележано од страна на претставнците на Дубаи Портал, јас лично во мое име како администратор ( Исо Демишоски ) и од име на волонтерите ( Авдираман, Кујтим, Бале, Денис, Самир, Равман,Исо, и Махир кој го остави фотографскиот апарат, и веднаш се приклучи кон тимот за помагање ) и кои заеднички и несебично се жртвуваа да помогаат и покрај високите температури, и тажната слика од состојбата во која се наоѓаат ови е луѓе, им се заблагодаруваме на сите оние кои со своите донации ( Фирми, приватни лица..) помогнале и кои сеуште помагаат во релизацијата и опстојувањето на оваа активност како помош наменета за мигрантите кои претстојуваат во Македонија.
Покрај тоа, исто така му се заблагорадуваме на г-дин Јасмин Реџепи (Легис),за неговата подршка и координација во оваа наша активност, на чешкиот волонтер (хуманитарец) и пријател Ричард, како и на професионалното однесување на Македонската полиција, околу нашиот тим, во помагањето на мигрантите, а истовремено и на Грчката полиција која ни дозволи да снимиме и фотографираме дел од нејзината територија, каде беа стационирани и од каде пристигнуваа мигрантите во Македонија.
Уште еднаш благодарност до сите нив, и на крај како и повеќе пати, АПЕЛИРАМЕ до сите оние кои имаат, и сѐ во можност, да помогнат и за момент намалат страдањата на овие луѓе, да се обратат до лицата задолжени за координација и организирање на помошта за ова намена.
А, ние во продолжение Ви претставуваме дел од нашето забележано видео преку, кое само на момент ќе Ви ги прикажеме дел страдањата на овие луѓе, и начинот на кој овие волонтери ја делат помошта која е доставена до нив за да им се помогне на оние на кои во овие моменти им е најпотребна помош.




Dubai-portal.com.mk









