Секојдневен и вообичаен настан во летниот период во делот на населба Подгорци, познат како “Автобуска“. Ги има сите, и пензионери, и социјалци и посетители и љубопитини и оние пак што излегле да го потрошат времето од досада.
Овде се игра (шеш беш, доме…) секој ден, се искористува топлото време, а како ќе биде во дождливите и есенски денови, па и зимските, иншала ќе се најде некое ново градилиште ( место за играње, шеш-беш, домино и сли..), со насмевка ни вели еден од посетителите на ова место.
Вака е бате секој ден, муабети колку што сакаш, и озборувања колку што сакаш.. се зида (игра шеш беш). Оние што чекаат автобус за Струга постојано се чудат што прават луѓево секој ден овде ? А тие зидаат ли само зидаат. Само што овој пат ова е поинакво зидање, нашиве мастори не знаат само да зидаат со цигла, туку и со домиња.. се врвите низ нивните раце, ни вели нашиот соговорник кој случајно го затекнавме тука, кој љубопитно гледаше кој како игра, кој е почетник, а кој мајстор, кој губи, кој ќе плати кафе и кој ќе се изгреба за цигаре и кој кого ќе наседнит…..
Речиси како обврска 90% од луѓето ги гледаш секој ден, потпрени на масата и на едно столче, со цигаре во рака, и довикнувања по менџијата Лачо да донесе кафе или пак лимонада. Вака ни е секој ден, покрај играњето ќе научиме и нешто ново, што се случвит во селото или пак, ќе се изнасмееме поиграме со оние кои ја мешаат политиката со партиите, демек се разбирале во партиите, кој и каков бил. Ова ни доаѓа од оние што малку се прават попаметни, ама нејсе и со нив низ знаеме како,- ни вели еден од играчите на шеш-беш, кој внимава да не згреши, па да изгуби и плати кафе.
Како и да е луѓето си го минуваат времето како си го минуваат, иако не се на гурбет сепак тие како што велат “зидаат“, како оние слободни зидари. Камо да беа како оние слободни зидари (масони), можеби ќе ни беше подобро, а можеби и полошо, само еден Господ знае. А, и нека ни се здрави и живи. Наши сме си сите.
Дубаи-Портал










