Она што денес 02.08.2015 год, во овој Господов ден,можевме да го забележиме движејќи се во насока кон населба Боровец, уште еднаш го потврди тоа дека навистина совеста кај нас затаила, како и повеќе пати, или пак воопшто ја немаме, а за безобразлукот никогаш крај.
Имено станува збор за патот во атарот на населба Лабуништа кој води кон и во населба Боровец. Видно можеше да се забележи дека сеуште овој дел се користи како најблиска депонија за секаков вид на смет, притоа немајќи во предвид дека се нарушува околната средина, како и доведување на опасноста од било какви заразни болести кои би можеле да бидат предизвикани, бидејќи забележително беше присуството на различен отпаден материјал, како од органски (разни видови на храни) кои претежно о овој период најмногу все фрла од она што останало свадбите, а уште претстојуваат уште толку многу свадби, па потоа како и огромен дел на различен не органски материјал кои заедно веќе формираат старо-нова депонија.
Според поранешен член на Месната Самоуправа Боровец, овој начин на одлагање на отпаден материјал се прави секоја година, и тоа од страна на “Лабуништани“ иако само на неколку метри се наоѓа селската депонија. Ваквиот тренд за жал продолжува и понатаму, а ние сме доведени во ситуација буквално да се страмиме кога врвиме во овој дел од патот, односно да ти е срам да поканиш гостин во населба Боровец, бидејќи веднаш се стекнува многу лош впечаток за за сите нас, иако според мене Лабуништани се тие кои го продолжуваат за жал овој нечеовечки тренд- ни беше надополнето од страна на нашиот соговорник при посетата на Боровец.
Она што ние навистина можевме да го констатираме, навистина претставува многу лоша глетка која не отсликува во многу лоша слика, постојано се врши контонуирано фрлање на ѓубре, без ич да се има страм и намус дека со тоа што го правиме воопшто не чини.
Од друга страна, и покрај нашето известување за ваквата состојба како и секоја година, досега не сме добиле никако повратен одговор од страна на Комуналното кое стопанисува со овие дејности, односно дали се преземаат соодветни мерки за заштита, или пак казнување на лицата кои преземаат вакви дејности.
Очигледно е дека и Општинските органи особено оние од инспекциските служби како воопшто да не ги интересира за ова што се случува во атарот на ова населба населба, односно не си ја бркаат работата за која се платени, иако токму Лабунштани имаат свои претставници во советот на Општина Струга, ама очигледно е дека нив тоа не им смета.
Она што најинтересно е и тоа што на само неколку метри имаме и пекара, и уште посимптоматично и побезобразно што депонијата се наоѓа на неколку метра, ама ленштилокот и безобразулокот останал кај луѓето па до најблиското место се решиле да се ослободат од своето ѓубре без и било гајле дали тоа некому ќе смета или не.
Едноставно нормален човек да незнае како и што да каже за ваквата состојба и чуди на ова што се случува, а што уште пак си свртел во својот ум нашиот премиер Груевски кој при отварањето на спортското игралиште поминал низ ова “еко“ депонија, или пак си рекол : “леле, од кои луѓе ми требаат гласови, и со какви ќе имам работа
Ама како и да е тој помина, и си замина, како и сите други што ќе го направат истото, ама ова депонија богата со “еко“ отпад ќе остане дела од сликата на нашите Лабуништани и Боровчани.
По тој повод уште еднаш би сакале да потсетиме на овој проблем, кој станува се посериозен, а, како и за многу други проблеми за кои сеуште Лабуништани, па и Боровчани молчат, а до кога самите тие си знаат.
А, ние во продолжение ви прикажуваме галерија од фотографии на она што нашата совест и безобразлук го отсликуваат и ден денес.

Dubai-Portal.com.mk








