Известување : Месна Самоуправа Подгорци

0
222

Почитувани, Ве известуваме дека имајќи го во предвид  период на зголемена потрошувачка на вода во овој период на годината, како и наводнувањето на земјоделските површини кое е во тек, притоа исто така имајќи ја во предвид и високата температура која го зафати зафати делот оа нашава земја, како не би се довеле во состојба од воведување на рестрикции во снабдувањето со вода, како и можноста дури и од целосен недостаток на вода, како и појава од било каков дефект на системот за водоснабдување ги замолуваме граѓаните на населба Подгорци на што порационално искористување на водата како за пиење така и друга намена.

Од тука се забранува секаков вид на :

  1. Полевање на Асфалтни површини, ( патишта, дворови и др..)
  2. Полевање на Зелени површини
  3. Како и наводнување  на разни градини (вртишта) директно од чесмите на системот за водоснабдување.

Согласно законот за Водоснабдување и Заштита на водените ресурси, Месната Самоуправа и Водната Заедница Подгорци, имаат целосно законско право за одземање на средствата преку кои се врши наводнувањето (црева и друг вид на помагала) и притоа да поведе соодветна прекршочна пријава до надлежните институции, без и било какво предупредување до прекршителите на ова одлука бидејќи во повеќе наврати известувавме за овој вид на активност.

Исто така, ги замолуваме оние совесни граѓани кои ќе забележат било какво прекршување на оваа наша одлука, истото да го пријават до надлежните на Месната Самоуправа Подгорци, при што ќе биде загарантирана нивната анонимност, односно кој пријавил ваков вид на прекршување.

 

Со Почит !

Месна Самоуправа – Подгорци.

Dubai-portal.com.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here