Рамазанските тапанџии по своите подароци (Фото)

0
225

И, како што налага редот , односно како и секоја година, на претпоследниот ден од благословениот месец рамазан, рамазанските тапанџии, кои речиси цел месец го најавиваа почетокот на ифтарот и суфур веднаш после теравија намаз со тропотот на тапанот ги обиколуваат-посетуваат домовите на жителите на Подгорци , како и секоја вечер, само што овој пат ниту го најавуваат ифтарот или суфур-от, туку ги потсетуваат дека на едно одамнешно традиционално собирање на дарови.

 

Под дарови се подразбира, како што велат тие : Бонбоњери, Наполитанки, Чоколади, Бомбони…. и др што може дас е дарува и на крај да Ви се заблагодарат со зборовите : Аллах да Ви го прајт кабул месец рамазан!

Ове се разбира не станува збор за големината на подарокот, туку за едно нешто, а тоа е како што велат тие чешитот и традицијата како и секоја година.

Во прилог Ви ги прикажуваме забележаните фотографии од овогодинешните тапанџии кои вечерва не посетија и потсетија на уште едедн традиционален обичај. Иншала и тој никогаш да не згасне, бидејќи еден е рамазан, месец на награда и опрост.

Иншала и нив Возвишениот Аллах да им ги прајт кабул рамазанските денови, како и на сите оние кои ги поминаа во пост и ибадет.

 

Dubai-portal.com.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here