Честито на нашите полуматуранти..

0
201

И, официјално, Подоречките основци вечерва во хотел Дрим ќе ја одбележат својата полуматурска вечер.

Дотерани, намирисани , кој како знаел се подготвувал неколку денови наназд, токму за оваа вечер да изгледа убаво.

Како и секогаш, се знае што е што.. сакоа, фустани, цвеке, панделки, чевли, кармини, мириси.. и што уште не. Овие дечиња како наеднаш вака  дотерани да пораснале во големи мажи и жени, како да не се од пред неколку денови, кога изгледаа како обични основци. Сега животот или како што било пишано ке ги води по друга пат, патот до средното обазрование или пак кон нешто друго што иншала ќе го обележи нивниот успех во иднина.

 

Нова средина, нови познанства, нови предизвици, нови почетоци. Секој по различен пат, иншала пат или патишта до големи успеси.

Ама нејсе, животот и иднината е пред нив, и нивните успеси да не радуваат на сите нас, како родители, роднини и пријатели.

И на, крај да им посакаме успех, здравје и се најдобро на нашите овогодинешни полуматуранти.  

ЧЕСТИТО ЗА СИТЕ ! ( иншала да си дочекаме за дипломи, магистратури и докторати.)

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here